По вчерашниот потрес грчкиот остров Крит утрово потресен од втор земјотрес со јачина од 5 степени

Според информации објавени на интернет страницата на Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД), утрово во 07:48 часот по турско време е евидентиран земјотрес на грчкиот остров Крит со јачина од 5 степени според Рихтер

1711322
По вчерашниот потрес грчкиот остров Крит утрово потресен од втор земјотрес со јачина од 5 степени

Грчкиот остров Крит утрово е погоден со земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер.

Според информации објавени на интернет страницата на Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД), утрово во 07:48 часот по турско време е евидентиран земјотрес на грчкиот остров Крит со јачина од 5 степени според Рихтер.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од приближно 35 километри во морето.

Грчкиот остров Крит и вчера утрото во 09:17 часот по турско време беше погоден од силен земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтер.

Епицентарот на овој потрес се наоѓаше во областа Арвис јужно од островот Крит и беше почувствуван на целиот остров.

Во вчерашниот земјотрес загина едно лице, а 9 лица беа повредени од кои некои потешко.

Од рушевините беше извлечено мртвото тело на едно лице кое било задолжено за работите за одржување на Црквата Профитис Илиас во селото Аркалохори.



Слични вести