Повик од ЕУ и НАТО до Косово и Србија за намалување на тензијата

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги повикаа Косово и Србија за намалување на тензијата

1711005
Повик од ЕУ и НАТО до Косово и Србија за намалување на тензијата

Европската унија (ЕУ) и НАТО упатија повик за намалување на тензијата помеѓу Косово и Србија којашто се појави пред извесно време поради граничните премини.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во објавеното соопштение преку социјалните медиуми истакна дека разговарал со српскиот претседател Александар Вучиќ и со косовскиор премиер Албин Курти на кои им рекол дека треба да се намали тензијата во северниот дел на Косово.

„Од витално значење е Белград и Притшина да презентираат воздржаност и да се вратат на дијалог. Надлежноста на Мисијата на силите на НАТО во Косово (КФОР) продолжува за воспоставување на безбедна средина и слободно делување за секого.“ - рече Столтенберг.

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел исто така во објавеното соопштение во врска со прашањето ја изнесе следната констатација: „Србија и Косово, повлекувајќи ги своите специјални полициски единици и кревајќи ги барикадите на патиштата безусловно треба да ја намалат тензијата на теренот. Провокациите, едностраните чекори и некоординираните акции се неприфатливи.“

Нагласувајќи дека Косово и Србија треб ада изнајдат решение за стишување на затегнатоста, Борел истакна дека Европската унија (ЕУ) ќе ги поддржува напорите во таа насока и напомена дека од појавата на било каква опасност во однос на безбедноста на народот во Косово и Србија ќе бидат одговорни косовските и српските лидери.

Борел појасни дека е во близок контакт со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и дека силите на НАТО во Косово (КФОР) се од клучно значење во воспоставувањето на стабилноста на Западен Балкан.

Инаку, откако Косово почнувајќи од 20 септември не дозволува премин во земјата за возилата со српски регистарски таблички и издавањето на привремени косовски регистарски таблички за возилата кои велгуваат во земјата, дојде до покачување на тензијата помеѓу двете земји.

 



Слични вести