Претседателот на Турската Република Северен Кипар Татар: Ердоган стана нашиот глас и нашата сила

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар истакна дека претседателот Ердоган со своето обраќање пред 76. сесија на Генералното собрание на ОН стана гласот и силата на Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

1709220
Претседателот на Турската Република Северен Кипар Татар: Ердоган стана нашиот глас и нашата сила

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар во објавеното писмено соопштение истакна дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој имаше обраќање до учесниците во првиот ден на 76. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) меѓу другото се осврна и на Кипарското прашање во врска со што даде значајни изјави.

Татар рече дека претседателот Ердоган е гласот и силата на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Потсетувајќи дека праведното, трајното и одржливото решение во Кипарското прашање ќе биде можно самосо реален приод фокусиран на резултат, Ерсин Татар потсети дека претседателот Ердоган рече дека не е праведно тоа што додека лидерот на едниот од двата народи на островот кој се смета еднаков од страна на Обединетите нации (Кипарско-грчката управа) може да ви се обраќа од овде, другиот лидер не може да го истакне својот глас на оваа платформа. 

Тој се осврна и на изјавата на претседателот Ердоган дека за решение треба да се потврди суверената еднаквосдт и еднаквиот меѓународен статус на кипарскиот турски народ и дека ја поддржува новата визија за решение којашто ја постави кипарскиот турски народ.

Велејќи дека чувствуваат големо задоволство од овој говор на претседателот Ердоган со кој се дава силна поддршка на погледите и новата политика (решение со две држави на Кипар) на кипарските Турци, Татар потсети дека кипарските Турци од 1963 година се изоставени од нивното право за еднаков третман и право на збор на меѓународната арена.

Претседателот Татар подвлече дека кипарскиот турски народ како еден од двата еднакви сопственици на Кипар и едниот од двата еднакви народи инволвирани во Кипарскиот проблем, се очекува да располага со почит и право на еднаков збор коишто ги заслужува на меѓународната арена, а пред се во Обединетите нации (ОН).

Тој рече: „Почитуваниот претседател Ердоган со упатениот повик до меѓународната заедница по ова прашање стана нашиот глас и нашата сила. Му благодариме.“

Нагласувајќи дека не бараат повеќе од нивните сопствени права на Кипар, претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар истакна дека како што се осврна и претседателот Ердоган, очекуваат меѓународната заедница да покаже отворен приод кон барањето за суверена еднаквост и еднаков меѓународен статус, како и да помогне за повторно воспоставување на пореметената рамнотежа на Кипар по 1963 и 1964 година.

 



Слични вести