Состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на НАТО во Атина

На состанокот беа разгледани операциите коишто ги реализира НАТО и тешкотиите и заканите со коишто се соочува Сојузот

1707636
Состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на НАТО во Атина

Состанокот на началниците на генералштабовите на земјите членки на НАТО се одржа во главниот град на Грција, Атина.

На состанокот беа разгледани операциите коишто ги реализира НАТО и тешкотиите и заканите со коишто се соочува Сојузот.

Началниците на генералштабовите на НАТО на состанокот во Атина привлекоа внимание на промените коишто се доживуваат во геополитичката средина и тоа што се замаглува линијата помеѓу мирот и кризата. 

На состанокот беше изнесена потребата од фаќање чекор, односно доловување на брзината на технолошките промени, а беа разменети мислења и во врска со ситуацијата во Авганистан.

На состанокот беше одлучено полскиот генерал полковник Јануш Адамчак да биде назначен за директор за меѓународниот воен персонал на НАТО. Адамчак оваа должност ќе ја преземе летото во 2022 година.



Слични вести