Татар: По Женева, ќе го кажеме тоа дека нема промена во нашата позиција и во Њујорк

Претседателот на Турската Република Северен Кипар Ерсин Татар рече: „По Женева (на одржаната неформална Кипарска конференција од 27 до 29 април) ќе го кажеме тоа дека нема било каква промена во нашата позиција (за дводржавно решение на Кипар) и во Њујорк“

1706922
Татар: По Женева, ќе го кажеме тоа дека нема промена во нашата позиција и во Њујорк

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар направи проценки во врска со неговите средби и разговори коишто ќе ги започне во Њујорк во САД на 18 септември, во сабота и позицијата на турската страна по Кипарското прашање.

Татар рече: „По Женева (на одржаната неформална Кипарска конференција од 27 до 29 април) ќе го кажеме тоа дека нема било каква промена во нашата позиција (за дводржавно решение на Кипар) и во Њујорк.“

Велејќи дека за Њујорк ќе отпатуваат со екипа на претседателството на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), министерот за надворешни работи Тахсин Ертугрулоглу и со другите функционери, Ерсин Татар истакна дека ќе продолжат да ја презентираат политиката со моделот „решение со две држави на основа на сувереност и еднаквост“ којашто турската страна една година како официјално ја брани со поддршката на Турција.

„По Женева (на одржаната неформална Кипарска конференција од 27 до 29 април) ќе го кажеме тоа дека нема било каква промена во нашата позиција (за дводржавно решение на Кипар) и во Њујорк. Инсистираме по прашањето на шестчлениот предлог, особено за обезбедување на нашиот меѓународен еднаков статус на основа на суверена еднаквост, што го доставив во Женева. Овде се води национална борба, не може да стане збор за било каква промена.“ - рече Татар.

Велејќи дека на Кипар постојат два одделни и еднакви народи и дека не можеше да се добие никаков резултат од преговорите коишто беа водени со години на федерална основа, претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар го додаде следното: „На Кипар веќе е можен договор само на основа на суверена еднаквост, со соработка на две држави кои ќе живеат една покрај друга.“

 



Слични вести