Предвремените парламентарни избори и претседателските избори во Бугарија на 14 ноември

Бугарскиот претседател Румен Радев откако не можеше да се формира влада го распушти Парламентот и предвремените парламентарни избори ги закажа за 14 ноември

1706764
Предвремените парламентарни избори и претседателските избори во Бугарија на 14 ноември

Предвремените парламентарни избори и претседателските избори во Бугарија ќе се одржат на 14 ноември.

Бугарскиот претседател Румен Радев откако не можеше да се формира влада го распушти Парламентот и предвремените парламентарни избори ги закажа за 14 ноември.

Парламентот пак, претходно одлучи претседателските избори да се одржат на ист датум.

Претседателот Радев, исто така смени тројца министри во привремената технократска Влада што ја формира пред одржувањето на претходните предвремени парламентарни избори во земјата, на 11 јули.

Премиерот Стефан Јанев ќе ja продолжи со својата должност во Владата составена од 18 министри која ќе биде задолжена да ги подготви предвремените избори на 14 ноември.

Даниела Везиева ќе го замени министерот за економија Кирил Петков, а Валери Белчев ќе го замени министерот за финансии Асен Василев.

Се очекува Петков и Василев да се приклучат кон новиот политички проект со кој ќе учествуваат на предвремените избори.

Министер за транспорт на местото на Георги Тодоров пак, ќе биде Христо Алексиев.

Бугарскиот претседател Румен Радев во дадената изјава во врска со ревизијата во владиниот кабинет, истакна дека технократската Влада беше успешна во својата работа и дека оваа Влада повторно ги активира контролните механизми на државата.

Тој рече: „Технократската Влада се соочи со тешко наследство составена од модел на власт на основа на олигархија, голем колапс во социјалните системи и корупција во големите инфраструктурни проекти.“

Премиерот Стефан Јанев, исто така рече дека главната задача на неговата влада е „да се одржат фер и транспарентни избори“. Јанев нагласи дека наредните месеци нема да бидат лесни,но истакна дека државата то поскоро има потреба од Влада која ќе располага со широка поддршка во Парламентот.

Во Бугарија оваа година по третпат ќе се оди на парламентарни избори, додека преговорите за формирање коалициска влада по последните одржани предвремени парламентарни избори на 11 јули, резултираа со неуспех.

Доколку нема победник во првиот круг од претседателските избори на кои повторно ќе се кандидира и актуелниот претседател Румен Радев, вториот круг ќе се одржи на 21 ноември.

 



Слични вести