Министерот за здравство на Северна Македонија Венко Филипче поднесе оставка

Одлуката за оставка министерот за здравство Венко Филипче ја соопшти во неговото вонредно обраќање до јавноста

1705632
Министерот за здравство на Северна Македонија Венко Филипче поднесе оставка

Министерот за здравство на Република Северна Македонија Венко Филипче, поднесе оставка, како морална одговорност поради пожарот што на 8 септември се случи во ковид-центраот на модуларната болница во Тетово кадешто животот го загубија 14 лица, а 12 лица беа повредени.

Одлуката за оставка министерот Филипче ја соопшти во неговото вонредно обраќање до јавноста.

„Последната трагедија во Тетово многу ме повреди, многу жалам за загинатите, сочувствувам со нивните семејства. Нема зборови што тоа можат да го опишат, ниту пак начин да се надомести загубата. Почитувани, како лекар и министер имам интегритет, затоа денеска од морални причини понудив пишана оставка до премиерот Зоран Заев” - рече Филипче.

Според процедурите, по оваа објава на министерот  за здравство Венко Филипче, премиерот Зоран Заев треба да одлучи дали ќе ја прифати понудената оставка.

Во мреѓувреме, и заменик министерот за здравство на Северна Македонија Илир Хасани исто така соопшти дека поднесува оставка по пожарот во ковид-центарот во Тетово.

Претходно соопштија дека оставка поднесуваат и директорот на клиничката болница во Тетово Фљорим Бесими и економскиот директор на болницата Артан Етеми.

Инаку, во ковид-центарот на модуларната болница во Тетово каде што беа сместени на лекување пациенти заболени од новиот тип коронавирус (Ковид-19) на 8 септември избувна пожар во кој живтите ги загубија 14 лица, а 12 лица беа повредени.

Од другас страна, Владата на Република Северна Македонија соопшти дека е одобрена одлуката во земјата да пристигнат стручни лица со највисок степен на експертиза во истраги при несреќи за да помогнат во утврдувањето на причините за пожарот во болницата во Тетово.

Станува збор за експертски од Федералната криминалистичка полиција на Германија.

 



Слични вести