Бројот на човечките загуби во пожареот во ковид-центарот во Тетово се зголеми на 14 лица

Вчера во Тетово допатува и претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски кој ја посети опожарената модуларна болница наменета за лекување на пациенти заразени со Ковид-19, каде што во синоќешниот пожар загинаа 14 лица

1705588
Бројот на човечките загуби во пожареот во ковид-центарот во Тетово се зголеми на 14 лица
Kuzey Makedonya üç günlük yas.jpg
Pendarovski Kovid-merkezi yangın yerini ziyaret etti.jpg

Бројот на загинати во пожарот којшто прексиноќа (во среда вечер) го зафати ковид-центарот во модуларната болница во Тетово во Северна Македонија се зголеми на 14 лица, а 12 лица се повредени.

Продолжува истрагата за причините за пожарот.

Јавното обвинителство на Северна Македонија соопшти дека за вршење увид на местото на трагичниот настан во модуларната болница, освен тројца обвинители од Основното јавно обвинителство во Тетово, синоќа излегле и двајца обвинители од Основното јавно обвинителство од Скопје.

На местото на настанот бил и јавниот обвинител на Северна Македонија кој присуствувал и на работата на Кризниот штаб.

Во соопштението не Јавното обвинителство се истакнува  дека во соработка со припадници на МВР веднаш е започнат увидот, дека обвинителите издадоа наредби за обдукција и идентификување на телата на 14 лица починати во пожарот и дека се испитува и тоа дали има и други починати лица.

Во соопштението се вели дека за некои од починатите ќе биде потребна ДНК-анализа за да се утврди нивниот идентитет.

Според првичните сознанија, меѓу починатите нема медицински персонал, а се нагласува дека обвинителите сослушале вработени во модуларната болница со цел да се утврдат причините за пожарот.

Во меѓувреме, вчера во Тетово допатува и претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски кој ја посети опожарената модуларна болница наменета за лекување на пациенти заразени со Ковид-19, каде што во синоќешниот пожар загинаа 14 лица.

Според соопштението на Претседателскиот кабинет, претседателот Пендаровски бил информиран за првичните сознанија поврзани со трагичниот настан.

Тој нагласи дека дошол да изрази солидарност со граѓаните на Тетово и најмногу со оние кои ги изгубија своите најблиски и да поразговара на самото место на настанот со надлежните.

„Обвинителот ми рече дека ќе им даде многу кратки рокови, веројатно пет дена за секоја институција да одговори од својата надлежност. По добивањето на тие одделни извештаи, ќе излезе тој со свој збирен извештај, во кој ќе се види прво што е причината за пожарот, и второ, дали зад тоа евентуално има некаква човечка грешка“, рече претседателот Стево Пендаровски и додаде дека не се сомнева во тоа дека за кратко време ќе биде расветлена вистинската причина за пожарот.

Во меѓувреме, со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од трагичниот пожар во ковид-центарот во модуларната болница во Тетово и во знак на сочувство со нивните семејства, Владата на Република Северна Македонија на својата вчерашна седница донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава.

Според објавеното писмено соопштение од Владата, за денови на жалост се прогласени вчера, денеска и утре (четврток, петок и сабота), така да за време на деновите на жалост во текот на три дена знамето на Република Северна Македонија ќе биде симнато на половина копје.

Владата на Северна Македонија им се заблагодари на сите држави од регионот, од Европа и од светот, за изразеното сочувство за трагичниот настан и донесе одлука да ја прифати понудата на дел од сојузничките сили во НАТО да испратат во земјата стручни лица со највисок степен на експертиза во истраги за пожари за да помогнат во утврдувањето на причините за пожарот во ковид-центарот во модуларната болница во Тетово.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ), Мустафа Шентоп, во споделената објава преку социјалните медиуми изрази жалење и сочувство за загинатите во трагичниот со пожарот кој го зафати ковид-центарот во модуларната болница во Тетово.

Шентоп на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Со длабока тага дознав дека загинале наши браќа во пожарот кој избувнал по експлозијата настаната во ковид-центарот при Државната болница во Тетово, во Северна Македонија. Посакувам милост за загинатите, додека на повредените им посакувам брзо закрепнување.“

Министерството за надворешни работи на Турција исто така изрази сочувство за загинатите во трагичниот пожар што избувна во ковид-центарот во модуларната болница во Тетово.

Во објавеното писмено соопштение на Министерството се истакнува дека со голема жалост е дознаено за големиот број загинати и повредени во пожарот и се додава следното: „Изразуваме сочувство до семејствата на оние кои ги загубија животите во инцидентот и до Владата на Северна Македонија, и нашите желби за брзо закрепнување на повредените.“

 



Слични вести