Претседателот Пендаровски упати сочувство за загинатите во пожарот во ковид-центарот во Тетово

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски на својот Фејсбук профил напиша: „Сочувство до семејствата и роднините на починатите во страшната трагедија во ковид-центарот во Тетово“

1705171
Претседателот Пендаровски упати сочувство за загинатите во пожарот во ковид-центарот во Тетово

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, преку социјалните мрежи реагираше во врска со пожарот кој го зафати ковид-центарот во Тетово.

„Сочувство до семејствата и роднините на починатите во страшната трагедија во ковид-центарот во Тетово“, напиша Пендаровски на својот Фејсбук профил.

Пендаровски на повредените во пожарот им посака успешно закрепнување.

Инаку, во пожарот загинаа најмалку 10 лица, додека има и бројни повредени, потврди Министерството за здравство на Северна Македонија.

„До моментов се потврдени десет загинати во пожарот, но бројката може да порасне“, се наведува во соопштението на Министерството. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести