Чавушоглу и МНР на РТ со честитки по повод 8 септември - Денот на независноста на Северна Македонија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и МНР на Турција упатија честитки по повод 8 септември - Денот на независноста на Северна Македонија

1705189
Чавушоглу и МНР на РТ со честитки по повод 8 септември - Денот на независноста на Северна Македонија
Türk Dışişleri Bakanlığı Kuzey Makedonya'nın Bağımsızlık Günü Kutlaması.jpg

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу упати честитка по повод 8 септември - Денот на независноста на Северна Македонија.

По повод овој значаен ден за Северна Македонија, Чавушоглу на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели порака со честитка на македонски и на турски јазик.

„Нека Ви е честит Денот на независноста“ - напиша Чавушоглу на македонски јазик.

Мевлут Чавушоглу во пораката го истакна и следното: „Во духот на нашето пријателство и сојузништво, по повод 30-годишнината од Денот на независноста упатувам честитки до мојот пријател Бујар Османи и до сите наши пријатели во Република Северна Македонија.“

На профилот на Министерството за надворешни работи на Турција исто така беше објавена порака со честитка во која стои напишано: „Нека е честита 30-годишнината од независноста на пријателска и братска Република Северна Македонија.“

На профилот, заедно со пораката беше споделена и фотографија со изглед од Калето во Скопје на која е напишано „Национален ден на Република Северна Македонија“, а се напишани и куси забелешки дека дипломатските односи меѓу Турција и Северна Македонија се воспоставени на 26 август 1992 година, дека трговскиот обем во 2020 година изнесуваше 550 милиони долари и дека во Северна Македонија има турски инвестиции во висина од 1,3 милијарди долари.

 

 

 



Слични вести