Порака со честитка од Мустафа Шентоп до Џафери по повод Денот на независноста на Северна Македонија

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп по повод 8 септември - Денот на независноста на Северна Македонија испрати порака со честитка до претседателот на Собранието на Северна Македонија Талат Џафери

1704425
Порака со честитка од Мустафа Шентоп до Џафери по повод Денот на независноста на Северна Македонија

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп испрати порака со честитка до неговиот колега претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери на кого му го честита 8 септември - Денот на независноста на Северна Македонија.

Според објавеното соопштение од  Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ), Шентоп по повод 8 септември - Денот на независноста на Северна Македонија испрати порака со честитка до претседателот на Собранието на Северна Македонија Талат Џафери.

Мустафа Шентоп во пораката им го честита Денот на независноста на пријателскиот и братски народ на Северна Македонија и на неговиот колега Талат Џафери.

Шентоп во пораката напиша: „Верувам дека односите меѓу Турција и Северна Македонија кои располагаат со братски и пријателски врски и чии корења се наоѓаат длабоко во историјата, како и блиската соработка меѓу парламентите на двете земји, во наредниот период ќе се развијат уште повеќе во секоја област во правец на заедничките интереси на нашите народи и ќе продолжат да придонесуваат за регионалната стабилност.

По тој повод, му посакувам здравје, спокојство и просперитет на пријателскиот и братски народ на Северна Македонија, на вас и во ваше име на ценетите членови на Собранието на Северна Македонија им посакувам успех, радост и среќа.“

 



Слични вести