Курц: Авганистанските мигранти наместо ЕУ треба да ги примат соседите на Авганистан

Австрискиот премиер Себастијан Курц повтори во Белград дека авганистанските мигранти наместо Европската унија (ЕУ) треба да ги примат соседите на Авганистан

1703387
Курц: Авганистанските мигранти наместо ЕУ треба да ги примат соседите на Авганистан

Австрискиот премиер Себастијан Курц во рамките на посетата на главниот град на Србија, Белград, се состана со српскиот претседател Александар Вучиќ.

На одржаната заедничка прес-конференција двајцата лидери, Курц и Вучиќ, соопштија дека се едногласни по прашањето на спречувањето на влегувањето на авганистанските мигранти во Европа.

Австрискиот премиер Себастијан Курц повтори дека авганистанските мигранти наместо Европската унија (ЕУ) треба да ги примат соседите на Авганистан.

Курц воедно додаде дека водат разговори со соседите на Авганистан по прашањето на мигрантите.

Српскиот претседател Александар Вучиќ истакна дека неговата земја ќе запали зелено светло само за 150 авганистански жени, членки на еден авганистански фудбалски клуб.

Од друга страна, додека во Белград беа давани овие изјави, генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио упати повик до меѓународната заедница по прашањето на Авганистан.

Гутерес во споделената објава преку социјалната мрежа Твитер истакна дека чувствува длабока загриженост од ризикот од хуманитарната и економската криза којашто се продлабочува и од целосен колапс на основните услуги во Авганистан кој влезе во нов период.

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес предупреди дека Авганистан е на прагот на хуманитарна катастрофа.

 



Слични вести