Претседателските избори во Бугарија се закажани за 14 ноември

На гласањето што се одржа во Собранието на Бугарија 152'јца  пратеници од вкупно 240 пратеници колку што брои Собранието, гласаа за одржување на изборите на 14 ноември

1701624
Претседателските избори во Бугарија се закажани за 14 ноември

Претседателските избори во Бугарија ќе се одржат на 14 ноември 2021 година.

На гласањето што се одржа во Собранието на Бугарија 152'јца  пратеници од вкупно 240 пратеници колку што брои Собранието, гласаа за одржување на изборите на 14 ноември.

Вториот круг претседателските избори пак, ќе се одржи на 21 ноември.

Според Уставот на Бугарија, претседателските избори во земјата може да се одржат најдоцна на два месеци пред завршувањето на петгодишниот мандат на претседателот Румен Радев, а чиј мандат завршува на 22 јануари 2022 година.

Во меѓувреме, поради несоглсувањата меѓу шесте политички партии кои се претставувани во Собранието коешто беше формирано по одржаните предвремени парламентарни избори на 11 јули, се очекува во блиско време во Бугарија да се одржат нови предвремени избори.



Слични вести