Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изврши измени во составот на својот кабинет

Измените во владиниот кабинет како и формирањето на новото министерство по име Министерство за цивилна заштита беа соопштени од страна на портпаролот на грчката влада Јанис Иконому

1700210
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изврши измени во составот на својот кабинет

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изврши измени во составот на својот кабинет.

Измените во владиниот кабинет како и формирањето на новото министерство по име Министерство за цивилна заштита беа соопштени од страна на портпаролот на грчката влада Јанис Иконому.

Иконому информира дека е формирано Министерство за цивилна заштита кое ќе биде одговорно и за пожарникарните единици и дека за министер е назначен Евангелос Апостолакис, поранешниот началник на Генералштабот и поранешен министер за одбрана во периодот на власта на радикалниот левичарски сојуз (СИРИЗА) .

За нов министер задолжен за заштита на граѓаните на местото на досегашниот Михалис Хрисохоидис е назначен Панајотис Теодорикакос.

Министерот за здравство Василис Кикилјас е назначен за министер за туризам, а нов министер за здравство стана Танасис Плеврис.

Своите позиции во владиниот кабинет ги зачуваа министерот за надворешни работи Никос Дендијас, министерот за финансии Христос Стаикурас и министерот за одбрана Никос Панајотопулос.

Новите членови на грчката Влада ќе положат заклетва со верска церемонија што ќе се одржи во претседателската палатаво присуство на претседатрелката катерина Сакеларопулу и премиерот Киријакос Мицотакис, по што официјално ќе почнат да ги извршуваат своите должности.

Во меѓувреме, пристигнуваат вести дека Евангелос Апостолакис кој со новите измени во грчката Влада е назначен за министер за цивилна заштита не ја прифатил оваа должност.

Апостолакис во дадената изјава за грчкиот печат рече: „Јас барам национален компромис по ова прашање, поради тоа што ова не е возможно не ја прифаќам оваа должност.“ 

 



Слични вести