Реакција од Татар: Менталитетот на доминација на кипарско-грчката управа е неприфатлив

Претседателот Татар, во врска со реакциите на Јужната кипарско-грчка управа против командантот на Мировните сили на Обединетите нации (ОН) генерал мајор Ингрид Гјерде, го рече следното: „Менталитетот на доминација на кипарско-грчката управа е неприфатлив“

1695579
Реакција од Татар: Менталитетот на доминација на кипарско-грчката управа е неприфатлив

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар покажа реакција во врска со изјавите кооишто пристигнаа од Јужната кипарско-грчка управа насочени против генерал мајор Ингрид Гјерде, командантот на Мировните сили на Обединетите нации (ОН) која ја посети Командата на безбедносните сили на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Татар, во врска со реакциите на Јужната кипарско-грчка управа против командантот на Мировните сили на Обединетите нации (ОН) генерал мајор Ингрид Гјерде, го рече следното: „Менталитетот на доминација на кипарско-грчката управа е неприфатлив.“

Велејќи дека кипарско-грчката управа продолжува со нападите насочени против холандската парламентарка Лиане ден Хан која ја посети Турската Република Северен Кипар (ТРСК) коишто достигнаа до линчување, претседателот Ерсин Талат нагласи дека овојпат е поставена на мета генерал мајор Ингрид Гјерде, командантот на Мировните сили на Обединетите нации (ОН) која ја посети командата на Безбедносните сили на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

„Кипарско-грчката управа која не може да ја поднесе средбата на генерал мајор Гјерде со командантот на Безбедносните сили генерал мајор Зорлу Топалоглу и тоа што на оваа средба се наоѓаа знамињата на Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК), започна грозни напади против генерал мајор Гјерде, а воедно презема иницијативи и за нејзино разрешување од должност. Менталитетот на доминација на кипарско-грчката управа е неприфатлив. Овие грозни напади покажуваат дека не е променет расистичкиот, застарен, нечовечки (нехуман) менталитет на кипарско-грчката управа.

Додека кипарско-грчката управа ги продолжува своите иницијативи за задушување на гласот и уништување на меѓународните односи на Турската Република Северен Кипар (ТРСК); на нечовечки начин станува предводник на продолжување на изолацијата и ембаргата против кипарскиот турски народ, Европската унија (ЕУ) и сите други кои говорат за човекови права остануваат посматрачи на тоа. Овој став на кипарско-грчката управа е неприфатлив, а е и во спротивност со човековите права.“ - подвлече Татар.

Појаснувајќи дека кипарско-грчкиот дел себе си се смета како единствен сопственик (владетел) на Кипар и кипарскиот турски народ го смета за малцинство, Татар нагласи дека не го прифаќаат тоа што се негира и смета за ништовна Турската Република Северен Кипар (ТРСК).    

Претседателот Ерсин Татар истакна дека на Кипар постојат две одделни држави и дека државата на кипарскиот турски народ е Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Инаку, во последните денови во кипарско-грчкиот печат заземаат место вести со критики поради остварената посета на командантот на Мировните сили на Обединетите нации (ОН) генерал мајор Ингрид Гјерде на командата на Безбедносните сили на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

 



Слични вести