Отстранувањето на турското знаме од протоколот на исламската верска заедница е срамен чин

Реисот Фетаху, исто како и неговите претходници, продолжи од Исламската Верска Заедница да прави Албанска Верска Заедница

1693823
Отстранувањето на турското знаме од протоколот на исламската верска заедница е срамен чин

 

Како што е познато, религијата е основната идеологија што ги држи феудалните општества, односно земјоделските општества, заедно. Поради оваа причина, не може да се очекува односите религија-држава во општествата со феудални остатоци да бидат исти како и во општествата што ги имаат елиминирано феудалните остатоци. Франција, која е прифатена како родно место на идејата за лаицизмот и секуларизмот, го секуларизираше своето општество како резултат на политиката на лаицизмот спроведена помеѓу 1789-1905 година. На крајот од овој процес, црквата, односно религијата, немаше никакво влијание врз државната администрација.

Но, не секој ја знае разликата помеѓу концептите на лаицизмот и секуларизмот. Иако овие два концепта најчесто се поистоветуваат, тие всушност се два различни концепта. За разликата помеѓу лаицизмот и секуларизмот, прво мора да се каже следново: Концептот на лаицизмот е поврзан со државата, додека концептот на секуларноста е поврзан со општеството и поединецот. Во овој контекст, додека лаицизмот е државна политика, секуларизмот е квалитет или карактеристика на општеството или поединецот. Во првиот тип на земји, од суштинско значење е да се држи религијата под контрола и да се минимизира нејзиниот ефект врз државната администрација. Ова е познато како „политика на лаицизмот“.

Во земјите од овој вториот тип на држави, државата нема потреба да води лаицистичка политика, бидејќи во овие држави веќе се елиминирани феудалните остатоци што би ја бранеле администрацијата на државата според верските принципи. Со други зборови, овие општества сега се „секуларизирани“.

Добро, зошто зборувам за сето ова? Многу е едноставно: Мојата маленкост се yште ја нема одгонето позицијата на Република Северна Македонија по ова прашање. Во Југославија беше лесно. Социјалистичкиот систем од тоа време во Југославија беше концепт еквивалентен на лаицизмот. Затоа, тоа општество се сметаше за секуларно општество, барем од формална гледна точка. Меѓутоа, со распаѓањето на Југославија и промената на системот, чувствуваме дека овие концепти се превртени наопаку и човек се чувствува како да е паднат во некаков вакуум. Од една страна во Македонија, официјалната политика тврди дека религијата и државните работи се одвоени едни од други, додека Претседателството на Верските Заедници во Македонија, кои генерално живеат и се финансираат од страна на државата, сметаат дека можат да се мешаат државните и верските прашања. Да напоменеме и тоа дека две носечки верски заедници во Репиблика Северна Македонија се Македонската православна црква и Исламската верска заедница во Македонија.

Ако ја погледнете улогата и функцијата на верските заедници во земјата, секоја од нив е официјално „држава во држава“. Сепак, човек не може а да не се запраша: Која е улогата и функцијата на овие верски здруженија или заедници? Никој не е во состојба да даде искрен одговор на ова прашање. Бидејќи дискурсот на верските заедници во земјата и неговите постапки не се совпаѓаат. Додека пак челните луѓе на овие институции, имаат статус како да се претседатели на државата. Најчесто и покрај тешките дискусии и расправии последниот збор сепак е нивниот. Нивната “фетва” најчесто е извршна.

Зошто го велам ова? Пред неколку дена се случи настан кој заслужува секаква осуда. Имено новиот поглавар на Исламската Верска Заедница на Македонија, Шаќир Фетаху го прими Генералниот Секретар на Светската Исламска Лига шеикот Мухамед бин Абдулкарим Ал-Исса. На оваа средба, иако досега на протоколот, покрај сите други знамиња (македонското, албанското и др.) стоеше и турското знаме, за жал на оваа средба, по желба на поглаварот Фетаху или на гостинот, беше отстрането од протоколот. Очигледно како и поранешните поглавари и овој новоизбраниот со оваа верска институција се однесува како да е негово бачило. Впрочем, уште при неговиот избор имаше доста реакции за неговиот избор. Да напоменам дека новиот поглавар, порано бил соработник на безбедносните сили на државата (односно поранешната ДБК) и на некој начин беше лустриран од самите негови Албанци. Кои во медиумите изнесоа писмени докази дека новиот Реис бил соработник на овие служби.

Се разбира овој чин предизвика жестоки реакции кај припадниците на турската заедница во Македонија и не само кај нив. Вообичаено овие реакции се манифестираа со постирање на фејсбук, што на некој начин не претставува речиси ништо. Сметам дека сите тие кои преку интернет протестираа за овој настан, треба да направат чекор повеќе. Да се соберат најмалку 2-3 илјади верници (претежно Турци) пред седиштето на Исламската Верска Заедница, без насилие и нарушување на редот и мирот, да протестираат се додека дотичниот поглавар не образложи и не се извини зошто турското знаме беше отстранет од протоколот од оваа средба.

Токму затоа неговиот избор на чело на оваа организација, помина така како што помина. Впрочем од една таква личност и можеше да се очекува вакво однесување. Реисот Фетаху, исто како и неговите претходници, продолжи од Исламската Верска Заедница да прави Албанска Верска Заедница. Од сите горе наведени причини сметам дека веќе време е верниците од турската етничка припадност задно со останатите неалбански верници во Македонија да покренат иницијатива за основање на една посебна Исламска Верска Заедница, која ќе се бави исклучиво со духовните прашање на овие верници а не како оваа, која најмалку се бави со верските прашања, туку е заглавена до гуша во политиката.

Автор на програмата е Ремзи ЏАНОВА, новинар во Скопје.



Слични вести