Претседателот на Собранието на Северна Македонија Талат Џафери ги распиша локалните избори за 17 октомври 2021 година

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери на одржаната прес-конференција рече: „Согласно законската рамка и роковите утврдени во Изборниот законик, локалните избори ќе се одржат на 17 октомври 2021 година“

1687068
Претседателот на Собранието на Северна Македонија Талат Џафери ги распиша локалните избори за 17 октомври 2021 година
Kuzey Makedonya Meclis Başkanı Talat Caferi Yerel Seçimler Karar.jpg

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери вчера ги распиша локалните избори кои ќе се одржат на 17 октомври 2021 година.

Претседателот на Собранието Џафери веднаш по потпишувањето на Решението за одржување на локалните избори, во Собранието на Република Северна Македонија одржа прес-конференција.

„Денес го потпишав Решението за распишување на избори за членови на Советите на општините и Советот на Градот Скопје, за градоначалници на општините и за градоначалник на Градот Скопје. Согласно законската рамка и роковите утврдени во Изборниот законик, локалните избори ќе се одржат на 17 октомври 2021 година“, истакна Талат Џафери.

Според претседателот на Собранието Џафери, Решението кое е потпишано вчера, согласно утврдените рокови и пракса, ќе биде доставено до Државната изборна комисија на Република Северна Македонија, надлежно тело за спроведување на изборите.

Истакнувајќи дека изборната кампања за локалните избори ќе започне 20 дена пред денот на одржување на изборите, Џафери рече дека во текот на кампањата Собранието нема да одржува пленарни и комисиски седници, а со тоа ќе им се овозможи на политичките партии и нивните кандидати целосно да се посветат на изборната кампања и на барањата на граѓаните.

„Од надлежните институции очекувам да обезбедат избори на ниво кое што се очекува од земја-членка на НАТО и кандидат за членство во ЕУ. Апелирам до сите учесници на изборниот процес целосно да го почитуваат Уставот, законите, и да се однесуваат согласно Етичкиот кодекс, како и да осигурат дека кампањата и самиот ден на изборите ќе се одвиваат во духот на демократијата, фер изборен процес и еднаквост на сите граѓани“, рече Џафери.

Тој исто така додаде дека не ја исклучува можноста за свикување на итна седница на Собранието во тие 20 дена, доколку состојбата во државата го наложи тоа. (Агенција Анадолија-АА)

 



Слични вести