ТРСК: „Управата на Мараш не може да се пренесе“

Фер и одржлив компромис и помирување на Кипар може да се постигне само преку преговори

1682131
ТРСК: „Управата на Мараш не може да се пренесе“

Претседателството на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) соопшти дека „Затворениот Мараш со каква било одлука не може да се пренесе на друга управа“

Во писменото соопштение на Претседателството, беше потсетено дека со одлуката донесена од Советот на министри на ТРСК во 2019 година, беше утврдена првата политика во врска со отворањето на Мараш и започнаа студиите на тоа поле.

Затворениот Мараш, кој е територија на ТРСК, ќе биде ослободен од тоа да биде затвореник на кипарскиот проблем и ќе стане дел од животот. Затворениот Мараш со било која одлука не може да се пренесе на друга управа.

„ТРСК нема никакви претензии кон правата и правото на другите, напротив, како што може да се види од нашето отворање во Мараш, се води политика носителите на правата што чекаат толку многу години, да ги добијат своите права“.

Во соопштението беше споменато дека позицијата на Европската унија (ЕУ) на Кипар се состои од повторување на Кипарско грчката политика и реторики“.

„Фер и одржлив компромис и помирување на Кипар може да се постигне само преку преговори откако двете страни, со нивната слободна волја ќе се договорат врз заедничка основа. Во овој контекст, еквивалентноста на двете страни е од витално значење. Решението ќе се постигне единствено со меѓусебно разбирање и компромис на двете страни. Сите релевантни страни, вклучително и ЕУ, треба донесе став што ќе го почитуваат овој принцип и затоа треба да даваат изјави и да објавуваат соопштенија во оваа насока“.



Слични вести