Северните и јужни територии на Хрватска се поврзаа со мост

Вкупната цена на проектот се очекува да изнесува околу 420 милиони евра

1682221
Северните и јужни територии на Хрватска се поврзаа со мост
Peljesac Koprusu hirvatistan.jpg
Peljesac Koprusu hirvatistan1.jpg

Северните и јужните територии на Хрватска, кои се поделени со територијата на Босна и Херцеговина, беа поврзани со додавање на последното парче од спорниот мост Пељeшац.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и министерот за поморство, транспорт и урбанизација Олег Бутковиќ присуствуваа на церемонијата одржана по повод додавањео на последното парче од челичната конструкција на мостот.

Пленковиќ во својот говор на свеченоста, подвлече дека спорниот мост ќе функционира како фактор на „обединување“, а не како „разделба“ потенцирајќи: „Мостот треба да предизвика исти чувства и кај нас и во Босна и Херцеговина. Денес е голем ден за народот на Хрватска“.

Потсетувајќи дека мостовите Бутковиќ и Пељешац се најзначајните инфраструктурни проекти на Хрватска, тој рече дека со Договор потпишан во 1699 година во Сремски Карловци, Хрватска, која градовите Неум и Суторина на далматинскиот брег ги остави на османлиската управа, првпат територијалниот интегритет го врати по 300 години.

Мостот висок 55 метри и долг 2,4 километри изграден од Хрватска меѓу Комарна и Бриеста, којa држи значителен дел од јадранскиот брег, се очекува да биде отворен за сообраќај на возила во јуни 2022 година.

Мостот Пељешац, кој е изграден крај брегот на Неум, единствениот град во Босна и Херцеговина кој се простира на море и се смета за пречка помеѓу јужните и северните територии на Хрватска, е од историско и стратешко значење за Хрватска.

Мостот се гради со еднострани чекори на Хрватска, иако границите меѓу Босна и Херцеговина и Хрватска не се јасно дефинирани.

Додека ЕУ беше најголемиот финансиер на мостот, кој е важен за територијалниот интегритет на Хрватска, а која во 2013 година стана полноправна членка на Европската унија (ЕУ), Европската комисија одлучи да покрие 357 милиони евра, што би одговарало на 85 проценти од проектот мост. Вкупната цена на проектот се очекува да изнесува околу 420 милиони евра.



Слични вести