Иницијатива „Отворен Балкан“ од три земји од Западен Балкан; Северна Македонија, Албанија и Србија

Лидерите на три земји од Западен Балкан; премиерот на Северна Македонија Зоран Заев, премиерот на Албанија Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ, соопштија дека регионалната иницијатива „Мини Шенген“ е именувана во „Отворен Балкан“

1682427
Иницијатива „Отворен Балкан“ од три земји од Западен Балкан; Северна Македонија, Албанија и Србија

Регионалната иницијатива која е формирана од страна на три земји од Западен Балкан, Северна Македонија, Албанија и Србија, и во јавноста е позната како „Мини Шенген“, денеска во главниот град на Севрна Македонија, Скопје, е именувана во „Отворен Балкан“ („Open Balkan“).

Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев, премиерот на Албанија Еди Рама и претседателот на Србија Александар Вучиќ кои учествуваа на „Економскиот форум за регионална соработка“ кој денеска се одржа во Скопје, во рамките на форумот потпишаа договори (два меморандума и еден меѓудржавен договор) со кои во голема мера ќе се олесни животот на граѓаните од Западен Балкан и на бизнис-заедницата.

По форумот, лидерите на трите земји; премиерот на Северна Македонија Зоран Заев, премиерот на Албанија Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ, фрлија потпис на трилатерални договори и тоа „Договорот за соработка за заштита и спасување од катастрофи“, „Меморандумот за разбирање за олеснување на увозот и извозот и движење на стоки низ Западен Балкан“ и „Меморандумот за пазарот на работна сила“.

„Договорот за соработка за заштита и спасување од катастрофи“ произлегува врз основа на меѓусебната подготвеност меѓу Република Северна Македонија, Србија и Албанија за заемна соработка во спречувањето на последиците од елементарни непогоди.

„Меморандумот за разбирање за олеснување на увозот и извозот и движење на стоки низ Западен Балкан“, врз основа на решителноста на тројцата лидери да ја зајакнат соработката во погледот на увозот и извозот, да се елиминираат бариерите на границите за се да придонесе кон подобра економска соработка и за зголемување на трговската соработка.

„Меморандумот за пазарот на работна сила“, има за цел да го олесни движењето на луѓето за да обезбеди полесен и послободен пристап до пазарот на трудот, што значи отстранување на работните дозволи и поедноставување на постапките за добивање дозвола за привремен престој.

Освен тоа, лидерите на трите земји, премиерот на Северна Македонија Зоран Заев, премиерот на Албанија Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ, соопштија дека регионалната иницијатива која досега во јавноста беше позната како „Мини Шенген“ е именувана во „Отворен Балкан“ („Open Balkan“).

Лидерите исто така говореа и на отворањето на „Економскиот форум за регионална соработка“, а учествуваа на одржаните панели во склопот на форумот.

Од друга страна, беше одлучено средбите на иницијативата „Отворен Балкан“ („Open Balkan“) да се одржат наесен во Тирана и во Белград.

Инаку, иницијативата позната како „Мини Шенген“ за прв пат беше претставена на 10 октомври 2019 година во Нови Сад во Србија, со учество на лидерите на трите земји од Западен Балкан, Северна Македонија, Албанија и Србија.

 



Слични вести