Реакција од Турската Република Северен Кипар на соопштението на ЕУ по прашањето на Мараш

Во соопштението на МНР на ТРСК се вели следното: „ЕУ која го негира постоењето на кипарскиот турски народ и неговата држава, треба да биде свесна и да сфати дека Затворениот Мараш е територија на Турската Република Северен Кипар (ТРСК)“

1681383
Реакција од Турската Република Северен Кипар на соопштението на ЕУ по прашањето на Мараш

Турската Република Северен Кипар (ТРСК) соопшти дека ЕУ треба да биде свесна и да сфати дека Затворениот Мараш е територија на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) е дадено одговор на соопштението коешто беше објавено од страна на потпретседател на Европската комисија и висок претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел во име на Унијата, во врска со Затворениот Мараш.

Во соопштението се истакнува дека Борел како и секогаш објави пристрасно соопштение во врска со Мараш и се вели следното: „ЕУ која го негира постоењето на кипарскиот турски народ и неговата држава, треба да биде свесна и да сфати дека Затворениот Мараш е територија на  Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и дека чекорите коишто се фрлаат во Затворениот Мараш се фрлаат од страна на државата Турска Република Северен Кипар (ТРСК) и нејзината Влада.

Во соопштението воедно се потсетува дека Турската Република Северен Кипар (ТРСК) со намера да се даде можност за постигнување на соодветно решение на островот, се до последно време не фрли ниту еден чекор во врска со Затворениот Мараш и се вели следното: „До денеска од страна на кипарско-грчката страна се одбиени сите планови за договор и мерки за зголемување на довербата коишто го содржеа и Мараш. Чекорите коишто ги фрла кипарско-турската страна во затворениот Мараш кој долги години како е дојден во положба на симбол на статус квото, а во рамките на меѓународното право и надгледувањето на правото на приватна сопственост, создадоа задоволство и меѓу кипарскиот грчки народ. Целта на иницијативите коишто се покренуваат од страна на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) е отворен показател за нивно искривување пред се од страна на Европската унија (ЕУ) и нејзиниот пристрасен став.“

Во истото соопштение се додава и следното: „Европската унија (ЕУ) додека од една страна тврди дека сака да се постигне соодветно решение на островот, од друга страна негирајќи го постоењето на едната страна на островот и увеличувајќи ја другата страна, со единствен збор презентира неправеден приод. Ваквиот приод е единствениот извор на некомпромисниот став на кипарските Грци. Кога тогаш од страна на Европската унија (ЕУ) ќе се сфати дека почитувањето на суверената еднаквост и еднаквиот меѓународен статус на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) се од витално значење за постигнување на соодветен договор на островот.“

 



Слични вести