Животот на Хатиџе Мехмедовиќ, една од симболите на Сребреница стана книга

Повеќе нема да бидам мајка. Нема да имам внуци. Нема да имам син. Нема да знам што значи оваа среќа.

1680456
Животот на Хатиџе Мехмедовиќ, една од симболите на Сребреница стана книга

Животот на Хатиџе Мехмедовиќ, која за време на војната во Босна и Херцеговина ги загуби сопругот и двајцата синови во геноцидот во Сребреница во 1995 година и е еден од симболите во потрагата по правда, стана книга.

Еснефа Смајловиќ Мухиќ, автор на книгата „Мајката Хатиџе“, која зборуваше на промоцијата одржана во Босанскиот институт во главниот град Сараево, рече дека Мехмедовиќ, со својата борба е една од важните имиња на 20 век: „Хатиџе ги претставува сите мајки во Босна и Херцеговина и нивната болка. Оваа книга ја напишав така што таа ќе живее засекогаш и потрагата по правда ќе им биде пренесена на идните генерации“ рече Мухиќ.

Мехмедовиќ, која ги загуби сопругот, двајцата синови и многу роднини во геноцидот во Сребреница, стана симбол во потрагата по правда по геноцидот.

Зборовите на Мехмедовиќ во една изјава за медиумите: „Повеќе нема да бидам мајка. Нема да имам внуци. Нема да имам син. Нема да знам што значи оваа среќа“ длабокос се врежаа во нашите мемории.

Мехметовиќ, која беше претседател на здружението „Мајки на Сребреница“, почина на 23 јули 2018 година.

По окупацијата на Сребреница на 11 јули 1995 година, од страна на српските трупи под команда на Ратко Младиќ, цивилните Бошњаци кои се засолнија кај холандските војници во рамките на Обединетите нации (ОН) им беа предадени на Србите.

Србите кои на жените и децата им овозможија да стигнат до регионот под контрола на бошњачките војници, во шумското подрачје, фабриките и магацините масакрираа повеќе од 8.000 мажи Бошњаци. Убиените Бошњаци тогаш беа закопани во масовни гробници.



Слични вести