Татар: 47 години затворениот Мараш требаше да биде отворен за човештвото, и тоа е направено

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар во врска со отворањето за населување на Затворениот Мараш го рече следното: „47 години затворениот Мараш требаше да биде отворен за човештвото и тоа е направено“

1679622
Татар: 47 години затворениот Мараш требаше да биде отворен за човештвото, и тоа е направено

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар учествуваше на комеморацијата за сеќавање на шехидите во Бејармуду кои ги загубија животите во годините на националната борба.

Во направената проценка овде во врска со процесот за отворање на затворениот Мараш, Татар рече: „47 години затворениот Мараш требаше да биде отворен за човештвото, и тоа е направено.“

Тој истакна дека со години постоеше очекување дека „доколку се постигне соодветен договор Мараш ќе биде вратен“, но појасни дека иако беа поставени многу можности на масата поради тоа што спротивната страна не изнесе добронамерност не можеше да се постигне договор и рече: „47 години затворениот Мараш требаше да биде отворен за човештвото и тоа е направено.“

Велејќи „Со последната донесена одлука (од страна на Министерскиот совет), со предавањето на делот од 3,5 отсто (во Мараш) на цивилната волја е дадена пораката дека сопствениците на имот и право можат да се населат таму“, Татар истакна дека според документите Управата за факави на Кипар и покрај тоа што се покажува дека тоа се територии наследени од предците тапиите од 1974 година се признати од аспект на меѓународното право и дека одлуката за тоа ќе ја донесе Комисијата за недвижен имот која е призната од страна на меѓународното право.

Татар, потцртувајќи дека Турската Република Северен Кипар (ТРСК) не врши применувања о спротивност со меѓународното право, појасни дека се направени преуредувањата за покажување на патот за да би можеле сопствениците да ги земат своите права по изминати 47 години.

Осврнувајќи се и на соопштението коешто беше објавено завчера од страна на привременото претседателство на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) во врска со Затворениот Мараш, претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар го рече следното: „Треба да се преиспита тоа што Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) донесува одлуки со подбуцнување на Кипарско-грчката двојка. Главно е да се спречат оштетувањата.“

Ерсин Татар истакна дека кога ќе се земат во предвид случувањата во Источниот Медитеран Кипар не е оној Кипар како што беше порано и дека со развиената политика со татковината Турција, Турската Република Северен Кипар (ТРСК) веќе е уште повеќе зајакната во Сината татковина.

 



Слични вести