Судири во Грција меѓу граѓаните кои се против вакцините и полицијата

Вчера во знак на протест против програмата за задолжителна вакцинација на владата, стотици грчки граѓани се собраа на плоштадот Синтагма во центарот на Атина

1678589
Судири во Грција меѓу граѓаните кои се против вакцините и полицијата

Во Грција започнаа судири меѓу граѓаните кои се спротивставија на одлуката на владата за задолжителна вакцинација против новиот вид коронавирус (Ковид-19) и полицијата.

Вчера во знак на протест против програмата за задолжителна вакцинација на владата, стотици грчки граѓани се собраа на плоштадот Синтагма во центарот на Атина.

Полицијата која претходно ги предупреди демонстрантите, меѓу кои имаше и голем број свештеници, а кои носеа грчки знамиња, големи крстови и икони и фрлаа камења и шишиња вода врз безбедносните сили, интервенираше со солзавец и звучни бомби.

Од друга страна, имаше краткотрајна тепачка помеѓу левичарската група, која реагираше на група демонстранти против вакцини, собрани пред атинскиот универзитет.

Во инцидентот каде групите се напаѓале со камења и стапови, беше повредено едно лице, а полицијата привела 5 лица.

Демонстрантите против вакцините исто така одржаа протест во Солун, вториот по големина град во земјата.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис објави дека од 1 септември вакцината против „Ковид-19“ ќе биде задолжителна за вработените во јавните здравствени установи и персоналот во домовите за нега и грижа на стари лица.

Објаснувајќи дека сертификатот за вакцинација против Ковид-19, кој се применува во многу европски земји, исто така ќе се спроведува и во Грција, Мицотакис изјави дека од 16 јули само вакцинираните лица ќе имаат право да влезат во затворени места како театри, спортски сали и забавни простории.



Слични вести