Прва официјална посета од Азербејџан на Турската Република Северен Кипар

Од страна на парламентарна делегација на Азербејџан е реализираа првата официјална посета од оваа земја на Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

1676609
Прва официјална посета од Азербејџан на Турската Република Северен Кипар

Делегација на Националното Собрание на Азербејџан предводена од претседателот на Комитетот за надворешни работи и меѓупарламентарни односи Самад Сејидов за прв пат допатува во официјална посета на Турската Република Северен Кипар (ТРСК). 

Азербејџанската парламентарна делегација во Лефкоша беше примена кај претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар, претседателот на Републичкото Собрание Ондер Сеннароглу и премиерот Ерсан Санер.

Делегацијата предводена од Самад Сејидов најпрвин беше примена кај претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар.

Според објавеното писмено соопштение од претседателството, претседателот Ерсин Татар истакна дека ја дочекува со големо задоволство блискоста на Турција со Азербејџан и рече: „Ние сме еден народ три држави. Сите доаѓаме од турската раса.

Велејќи дека и во Азербејџан се дадени шехиди (жртви) е виден зулум се трпение болки, Татар рече: „Вашата болка стана наша болка.“

Претседателот на Комитетот за надворешни работи и меѓупарламентарни односи Самад Сејидов велејќи „Силата на Турција е сила на Азербејџан, сила на Турската Република Северен Кипар (ТРСК)“ посака да се обедини турскиот свет.

Потоа за време на приемот кај претседателот на Републичкото Собрание на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ондер Сеннароглу, Самад Сејидов го рече следното: „Ние сме еден народ две држави, и третата е веќе овде“. 

Сејидов истакна дека денеска зајакнуваат со силата на Турција и Азербејџан и со зајакнување на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) ќе зајакне целиот турски свет.

Самад Сејидов на приемот кај премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсан Санер, истакна дека ќе ги бранат правата и правдата на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

 



Слични вести