Програма за читање Куран во Скопје по повод 15 Јули, Денот на демократијата и националното единство

Програмата се одржа под покровителство на Амбасадата на Турција во Скопје, од страна на Советништвото за верски прашања при Турската амбасада во Скопје и Исламската верска заедница (ИВЗ) на Северна Македонија

1676049
Програма за читање Куран во Скопје по повод 15 Јули, Денот на демократијата и националното единство

Во Џамијата „Мустафа паша“ во Скопје пред почетокот на попладневната молитва се одржа програма за читање на делови од светата книга на муслиманите, Куранот, по повод 15 Јули - Денот на демократијата и националното единство во Турција.

Програмата се одржа под покровителство на Амбасадата на Турција во Скопје, од страна на Советништвото за верски прашања при Турската амбасада во Скопје и Исламската верска заедница (ИВЗ) на Северна Македонија.

На денешната програма присуствуваа амбасадорот на Турција во Скопје Хасан Мехмет Секизќок, советникот за верски прашања при Турската амбасада во Скопје Мустафа Местен, координаторот на ТИКА во Скопје Халим Омер Согут, директорот на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје Серхат Кула, директорот на Фондацијата „Маариф“ во Северна Македонија Мустафа Диллиоглу, главниот извршен директор на „Халкбанк“ АД Скопје Билал Суџубаши, претседателот на Управниот одбор на Стопанска комора на Македонија-Турција (МАТТО) Ајдован Адемоски, претседателот на Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ) Хусрев Емин и претставници на турските организации и институции во земјата и граѓани.

Во рамките на програмата свое обраќање имаше Мустафа Местен, советникот за верски прашања при Турската амбасада во Скопје, кој се осврна на обидот за државен удар кој се случи на 15 јули 2016 година во Турција.

Мустафа Местен, потсетувајќи дека граѓаните излегоа на улиците во ноќта на обидот за пуч по повикот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, рече дека граѓаните застанаа пред тенковите, топовите и ги жртвуваа своите животи.

„Откако ја видовме оваа слика, во потполност сме уверени дека никаква сила или моќ, независно дали е внатрешна или надворешна, нема да впери очи кон нашата татковина, знамето, земјата и кон нашите свети верувања“ - нагласи Местен.

Во рамки на програмата, покрај читањето на делови од Куранот, беа пеани и побожни песни илахии.

Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција, ноќта на 15 јули 2016 година, во кој животите ги загубија 251 лице, а беа ранети 2.734 лица. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести