Пораки од партиите на Турците во Северна Македонија по повод обидот за пуч во Турција од 15 јули

Партиите на Турците во Северна Македонија испратија пораки по повод 15 Јули, Денот на демократијата и националното единство на Турција

1676053
Пораки од партиите на Турците во Северна Македонија по повод обидот за пуч во Турција од 15 јули

Партиите на Турците во Северна Македонија испратија пораки по повод 15 Јули, Денот на демократијата и националното единство на Турција.

Во пораката што ја сподели Бејџан Илјас, претседателот на Демократската партија на Турците на Македонија, која е дел од владината коалиција, тој ги поздрави хероите на отпорот на 15 јули, кои пред пет години се спротивставија на предавничкиот обид за државен удар со кој се сакаше да се игнорира волјата на нацијата. Предавниците стрелаа со бомби и куршуми, насочувајќи ги авионите и тенковите врз својот народ.

„Суверенитетот безусловно ѝ припаѓа на нацијата. Уште еднаш да ги поздравиме децата на мајките со големо срце, полни со вера и љубов кон земјата, кои одговорија со историска шлаканица на оние кои сакаа да го урнат суверенитетот на нацијата. Во оваа пригода, ги спомнувам сите наши браќа кои загинаа на 15 јули, изразувајќи благодарност до нив со желба за Божја милост и ги поздравувам нашите ветерани кои жртвуваа дел од себе за татковината“, истакна Илјаз.

И Енес Ибрахим, претседателот на Партијата за движење на Турците, испрати порака по повод 15 Јули. Ибрахим истакна дека предавничкиот обид за државен удар на 15 јули 2016 година беше елиминиран со бестрашното држење и став на големата турска нација.

Во пораката, во која се вели дека изразот „Суверенитетот безусловно ѝ припаѓа на нацијата“ е олицетворен со верата, љубовта кон државата и земјата што беше прикажан таа мрачна ноќ, Ибрахим продолжи со зборовите:

„Јасно и недвосмислено до целиот свет е испратена пораката за вербата во демократијата, независноста и единството. Не треба да се заборави дека борбата против ФЕТО и слични терористички организации сè уште продолжува. Партијата за движење на Турците, која израсна околу демократските вредности со љубов кон татковината и знамето, секогаш ќе продолжи да учествува во националната кауза со сите свои сили. Нека почиваат во мир душите на сите оние кои загинаа на 15 јули.“

- Повик до Владата на Северна Македонија

Ердоган Сарач, претседателот на партијата Движење за национално единство на Турците, во својата порака истакна: „Турската нација никогаш низ историјата не се поклони пред оние кои за цел ја имале нејзината слобода, и секогаш со исправена глава и доколку било потребно, ја враќаше својата слобода и по цена на своите животи, почнувајќи од Револуцијата на Куршад до Војната за независност, по што, внатрешните и надворешните предавници, доколку било потребно, биле истерани од планините или потиснати во море.“

„Предавничката организација ФЕТО се обиде да изврши државен удар експлоатирајќи ја славната Турска армија ноќта на 15 јули 2016 година, но по повикот што го упати претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, обраќајќи им се со зборовите: ‘Пријатели! Не дозволувајте да победат тие никаквеци во нашата татковината, нека запре овој предавнички тек!’, стотици илјади патриоти излегоа на улиците и како во минатото, и по цена на нивните животи го запреа предавничкиот пуч. Како Движење за национално единство на Турците, кое со национален рефлекс и совест на Турците од Северна Македонија, уште од првиот момент го покажавме нашиот став и застанавме покрај претседателот и Владата на нашата татковина Турција, кои дојдоа на власт на слободни и демократски избори.“

Изразувајќи ја својата безусловна лојалност кон Република Турција, која припадниците на Движењето за национално единство на Турците ја опишуваат како своја татковина, на петгодишнината од обидот за воен удар им посакаа Божја милост на загинатите, особено на Омер Халисдемир и закрепнување на ветераните.

Во пораката, во која се упатува повик до Владата на Северна Македонија, се вели: „Алах никогаш повеќе да не ѝ покаже такви денови на нашата татковина, Република Турција. Користејќи ја оваа можност, ја повикуваме македонската Влада веднаш да ги екстрадира или депортира во Турција 85-те лица кои се дел од структурата на предавничката организација ФЕТО.“ (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести