Дали во Македонија ќе се постигне национален консензус?

Дали да се прифати или не Резолуцијата која што ја предложи опозицијата

1675809
Дали во Македонија ќе се постигне национален консензус?

На политичката арена овде во Република Северна Македонија, тема околу која се кршат копје е прашањето да се прифати или не Резолуцијата која што ја предложи опозицијата која доведе до несогласувања и обвинувања меѓу опозициската  ВМРО-ДПМНЕ и владејачката партија (која е во коалиција со СДСМ на власт) ДУИ. Владејачката СДСМ ќе ја прифати резолуцијата која до Собранието ќе ја испрати опозициската ВМРО-ДПМНЕ, со која ќе се дефинираат клучните црвени линии во спорот со Бугарија, за јазикот, историјата и идентитетот. Од СДСМ, изјавуваат дека македонскиот идентитет и јазик не можат да бидат услов за европскиот напредок на државата. Позициите на СДСМ (односно на владата) во однос на македонскиот јазик и на македонскиот идентитет се кристално јасни и многу пати досега потврдувани и кажани во јавноста. Македонските идентитетски линии им се јасни на сите. И на народот во Македонија и на целата меѓународна јавност. Доколку Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се сигурни во тоа, ако им треба потврда и во рамки на парламентот, ние како конструктивно парламентарно мнозинство без никаков проблем може да направиме и таков чекор и ќе ја прифатиме резолуцијата, таква – каква што е, се вели од страна на владејачкиот Социјал Демократски Сојуз на Македонија.

И на место обединување околу државните интереси во спорот со Бугарија и исцртување на црвените линии во преговорите околу идентитетот и јазикот, Резолуцијата којашто ја предложи опозицијата доведе до несогласувања и обвинувања, но овој пат меѓу ВМРО-ДПМНЕ и албанскиот коалиционен партнер на СДСМ во власта ДУИ. Албанскиот блок со резерва го прифати документот, кој го поддржа владејачката СДСМ, како и уште неколку помали партии од коалицијата и најави дека нема така лесно да оди усвојувањето на Резолуцијата во парламентот. Владејачката партија од албанскиот блок - ДУИ, преку министерот за надворешни работи Бујар Османи, по вчерашното одбивање на Резолуцијата испрати порака дека таа треба да биде производ од сите, а не наметната од некоја политичка партија. „Постигнавме етнички консензус. Никогаш државата не била вака едногласна. Најголемата грешка што може да ја направиме сега, од една државна позиција која има кредибилитет пред светот, некој сега да ја претвори повторно во етничка“,  рече Османи. ДУИ е на ставот дека овој процес треба да почне од нула, да седнат политичките партии консензуално, а не да биде наметната од една партија, вели тој. ДУИ е на ставот дека овој процес „треба да почне од нула, да седнат политичките партии консензуално, а не да биде наметната од една партија“.

Од друга страна ниту опозиционата ВМРО-ДПМНЕ  не остана должна на Министерот за надворешни маботи, Бујар Османи. „Жалам што тој човек што ја даде таа изјава, дека резолуцијата е штетна за Македонија, сè уште е министер за надворешни работи“ возврати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на Османи. Тој ја повика владејачката партија ДУИ да застане зад интересите на Македонците, со тоа што од неа бара да ја поддржи Резолуцијата за црвените линии во спорот со Бугарија. „Наместо да ги гледаме нашите лични интереси и интересите на соседите од другите држави, да ги гледаме интересите на соседите тука внатре, во нашата Македонија, тоа се интересите на мнозинскиот, македонскиот народ“, вели лидерот на опозицијата, Мицкоски. Тој очекува, како ДУИ да ги надмине своите милитантни однесувања и барем еднаш да застане зад интересот на нивните сограѓани Македонците како мнозинска заедница. „Вистински да застане зад новата агенда што ја најави, а тоа е зелената агенда, и наместо химната, знамето и грубото кршење на Уставот од страна на Талат Џафери (кој во европскиот Парламент наместо да зборува со официјалниот јазик- македонски, тој зборувал албански) да имаме навистина еден вистински државнички и братски однос во државава“, додава лидерот на македонската  опозиција.

Со слична изјава во јавноста излезе и вицепремиерот Артан Груби од ДУИ. Тој вели дека ништо не им пречи во Резолуцијата, туку бараат текстот да биде усогласен со сите парламентарни партии, што е претходна пракса за усвојување вакви документи, вели Груби. Според него, идентитетот, јазикот, културата и историјата се неспорни и не можат да бидат дел од спор во 21 век.

Автор на програмата е Ремзи Џанова, новинар во Скопје.



Слични вести