Реакција од Турската Република Северен Кипар (ТРСК) против изјавите на Жозеп Борел

Турската Република Северен Кипар (ТРСК) покажа реакција против последните изјави на високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел кој како и секогаш ги игнорираше кипарските Турци и кој упати повик до Турција по прашањето на Мараш

1674871
Реакција од Турската Република Северен Кипар (ТРСК) против изјавите на Жозеп Борел

Турската Република Северен Кипар (ТРСК) соопшти дека изјавите коишто ги даде високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел во врска со Кипарското прашање се „крајно несреќни“ изјави.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) се истакнува дека високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел во дадената изјава на 12 јули по состанокот на Министерскиот совет на ЕУ како и секогаш ги игнорираше (сметаше за ништовни, како да не постојат) кипарските Турци и упати повик до Турција по прашањето на Мараш.

Во соопштението се вели следното: „Од корист е уште еднаш да се нагласи дека Затворениот Мараш е територија на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и дека чекорите коишто се фрлаат во Затворениот Мараш се фрлаат од страна на државата и владата на Турската Република Северен Кипар (ТРСК). Соговорник на Европската унија (ЕУ) по ова прашање генерално е меѓународната заедница, а поединечно единствено Турската Република Северен Кипар (ТРСК).“

Во соопштението се потсетува дека Европската унија (ЕУ) без да чека да се постигне соодветно решение во Кипарското прашање, во спротивност со критериумите за членство ја прими кипарско-грчката страна во членство со што направи историска грешка во Кипарското прашање, а воедно се нагласува дека со оваа грешка од којашто нема враќање ЕУ ја избра својата страна во однос на Кипарското прашање.

„Борел во неговата изјава истакнува дека го одбиваат и 'моделот со дводржавно решение на Кипар'. Оваа несреќна изјава покажува колку Европската унија (ЕУ) е безволна и со предрасуди по прашањето на разбирање на праведните барања на кипарско-турската страна. ЕУ чиј актуелен став е прогрчки којшто не ја надгледува еднаквоста на страните, се гледа дека својата визија во однос на Кипарското прашање ја гради над погрешни проценки. Во овој случај ЕУ не е во состојба да пресуди за тоа каков ќе биде моделот на решение.“ - стои во соопштението.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) се потсетува дека од состаноците на Министерскиот совет на Европската унија (ЕУ) од чија страна се изоставуваат од вид па дури се изоставува и постоењето на кипарско-туркста страна не е можно да се очекува да произлезе резултат со којшто нема да се поддржува ставот на кипарско-грчката страна во однос на Кипарското прашање, а воедно се знесува и следната констатација: „И покрај овие политики на Европската унија (ЕУ), Турската Република Северен Кипар (ТРСК)чија цел е да ги одбрани правата и интересите на кипарскиот турски народ ќе го продолжи својот одлучен став заедно и со непоколебливата поддршка на татковината Турција.“

 



Слични вести