Претседателот Ерсин Татар: Уште еднаш ги проколнувам фашистичките пучеви од 15 јули

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар истакна дека уште еднаш ги проколнува фашистичките пучеви од 15 јули 1974 година на Кипар и на 15 јули 2016 година во Турција

1675423
Претседателот Ерсин Татар: Уште еднаш ги проколнувам фашистичките пучеви од 15 јули

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар во дадената изјава на 47. годишнина од воениот удар на 15 јули 1974 година извршен на Кипар од страна на фашистичката Кипарско-грчката двојка и на 5. годишнина од обидот за пуч на 15 јули 2016 година во Турција извршен од страна на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), истакна дека уште еднаш го проколнува "фашистичките пучеви".

Претседателот Татар потсети дека со фашистичкиот удар извршен против управата на Макариос која со поддршка на воената хунта во Грција се обидуваше да го реализира ЕНОСИС, односно присоединување на Кипар кон Грција, во текот на времето; се имаше за цел да се обезбеди Кипар веднаш да биде анектиран. 

Потсетувајќи дека за време на овој крвав воен удар беа убиени и стотици кипарски-грци, а воедно беа интензивирани и подготовките за напад против кипарскиот турски народ и пристигна на вратата опасноста од ЕНОСИС, Татар нагласи дека Турција која ја сфати и беше свесна за оваа голема опасност искористувајќи ги своите права коишто произлегуваа од меѓународните договори на 20 јули 1974 година ја реализира Мировната операција на Кипар со што ги спречи овие планови и беа донесени мирот и спокојството на целиот остров Кипар.

Претседателот Ерсин Татар рече: „По Мировната операција беше соборена управата на грчката воена хунта и беше донесена демократијата и во Грција. И грчкиот народ тоа му го должи на Турција.“ 

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРС) Ерсин Татар исто така се осврна и на тоа дека еден друг обид за фашистички пуч беше извршен и на 15 јули 2016 година за којшто истакна дека претставуваше обид за пуч реализиран од страна на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) поддржана од надворешни сили кои сакаа да ја заробат Турција.

„Овој обид за пуч којшто беше извршен против целовитоста на татковината Турција, нејзината независност и демократија, беше задушен од страна на турскиот народ и елементите на Турските вооружени сили (ТВС) кои и беа одани со верност на својата држава. Кипарскиот турски народ уште од првиот момент се испречи и застана против овој обид за пуч, застана покрај претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и неговата влада. На 5. годишина уште еднаш го проколнувам овој обид за фашистички пуч, со милост се сеќавам на оние кои станаа шехиди (ги загубија своите животи), со почит ги доставувам моите поздрави до газиите (ветераните) за време на овој обид за пуч.“

 



Слични вести