Турското малцинство протестираше против одлуката на Врховниот грчки суд

На протестот што се одржа со одлука на Управниот одбор на Турската унија во Искече (Ксанти) учествуваа голем број лица членови на унијата, како и од градовите Искече (Ксанти) и Комотини (Ѓумулџине) кои се сообраа пред зградата на Турската унија во Искече

1673572
Турското малцинство протестираше против одлуката на Врховниот грчки суд

Турското малцинство во Западна Тракија, Грција, протестираше против одлуката на Врховниот грчки суд (Ариос Пагос) со која беше отфрлено обраќањето на Турската унија во Искече (грчки Ксанти) за нејзнио повторно регистрирање во правец на донесените одлуки од страна на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).

На протестот што се одржа со одлука на Управниот одбор на Турската унија во Искече (грчки Ксанти), голем број лица членови на унијата и од Искече (Ксанти) и Комотини (Ѓумулџине) кои се сообраа пред зградата на Турската унија во Искече извикувајќи слогани „Правда за турското малцинство“, „Не за неправдите, дискримнинацијата“, „Мир, демократија, еднаквост“ маршираа до плоштадот на градот Искече (грчки Ксанти).

На протестот беа отворени транспаренти со натписи на турски, грчки и англиски јазик „Правда за Турската унија во Искече“, „Турската унија во Искече не претставува закана“ и „Да се применуваат одлуките на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП)“.

На плоштадот во градот Искече (грчки Ксанти) беа одржани говори во врска со донесената одлука од страна на Врховниот грчки суд (Ариос Пагос) во врска со Турската унија во Искече (грчки Ксанти) по што беше одржан протест со седење.

Потоа Турците од Западна Тракија кои учествуваа на протестот се разотидоа без инциденти.

 



Слични вести