Пораки од лидерите на Северна Македонија, Албанија и Косово за сеќавање на геноцидот во Сребреница

Лидерите на Северна Македонија, Албанија и Косово за сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница, на одбележувањето на 26-годишнината од геноцидот, кој се оценува како најголема доживеана човечка трагедија во Европа по Втората светска војна

1673557
Пораки од лидерите на Северна Македонија, Албанија и Косово за сеќавање на геноцидот во Сребреница

Претседателите и премиерите на Северна Македонија, Албанија и Косово објавија пораки во знак на сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница на 26-годишнината од геноцидот, кој се оценува како најголема доживеана човечка трагедија во Европа, по Втората светска војна.

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски во споделената објава на социјалните медиуми истакна дека им оддаваат почит на повеќе од 8.000 луѓе жртви на геноцидот во Сребреница и истакна дека ова извршено злосторство против човештвото не треба да се заборави, а како што рече за да не дојде до негово повторување уште еднаш.

„Почит за над 8 илјади луѓе - жртви на геноцидот во Сребреница. Убиени, само затоа што биле босански муслимани. Наша генерациска должност е да се сеќаваме на ова злосторство против човештвото за никогаш да не се повтори.“ - напиша Пендаровски во својата порака.

Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев исто така објави порака преку социјалните медиуми по тој повод и нагласувајќи дека злосторството против човештвото врз цивилното население во Сребреница во 1995 година засекогаш ќе остане во меморијата за ужасите на војната и на екстремните форми на национализам, кои, според него, слободниот и демократски свет секогаш ќе ги осудува.

„Бошњачкиот народ и светот денеска, на 26-годишнината од едниот од најтрагичните настани во поновата историја на човештвото, се сеќаваат на овој голем пораз на цивилизациските вредности и ги споменуваат илјадниците невини жртви. Сочувствуваме со болката на семејствата на жртвите на Сребреница и жалиме за сите жртви коишто ги загубија своите животи во војната во Босна и Херцеговина.“ - рече Тој.

Заев нагласи дека Северна Македонија, како дел од семејството европски народи, се придружила кон апелот во Резолуцијата на Европскиот парламент од 15 јануари 2009 година, во кој се вели дека „ваквите ужасни злосторства никогаш да не се повторат и 11 јули да се прогласи за Ден за комеморација и за најсилна осуда на геноцидот во Сребреница“.

Претседателката на Косово Вјоса Османи во споделената објава преку социјалните медиуми, велејќи дека „светот денеска се сеќава на невиденото (неспоредливото) варварство на силите за геноцид на српскиот режим под водство на Милошевиќ“ го истакна следното: „Денеска сите заедно ја споделуваме болката на мајките од Сребреница.“

Косовскиот премиер Албин Курти исто така посакувајќи да не бидат дадени вакви жртви ниту на Балканот ниту во светот, го рече следното: „Посакуваме миро, соработка и еднаквост меѓу Балканските народи. Меѓутоа, основата на тој мир лежи во казнувањето на злосторниците.“

Албанскиот премиер Еди Рама исто така преку социјалните медиуми сподели објава во знак на сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница, на 26-годишнината од геноцидот, кој се оценува како најголема доживеана човечка трагедија во Европа, по Втората светска војна.  

 



Слични вести