На изборите на Бугарија води ГЕРБ на Борисов, втора е „Има таков народ“ (ИТН) на Трифонов

На вчерашните одржани предвремени парламентарни избори во Бугарија води со мала разлика партијата на премиерот Бојко Борисов Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), а втора и Партијата „Има таков народ“ (ИТН) на Трифонов

1673760
На изборите на Бугарија води ГЕРБ на Борисов, втора е „Има таков народ“ (ИТН) на Трифонов

Вчера во Бугарија се одржаа предвремени парламентарни избори на кои беше избран новиот состав на Парламентот составен од вкупно 240 пратеници.

На изборите имаа право на глас 6 милиони 711 илјади 048 гласачи, а се натпреваруваа 5.081 кандидат од 23 политички партии и коалиции.

Гласачите гласаа во 13 илјади гласачки центри низ Бугарија, како и во 748 гласачки центри во странство.

Изборите се одвиваа во рамките на правилата за почитување на преземените мерки против пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Според излезните анкети, со мала разлика води партијата на премиерот Бојко Борисов Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ).

Процентот на учество на изборите за новиот состав на Парламентот составен од вкупно 240 пратеници изнесуваше околу 36 отсто.

Според излезните анкети на компанијата за истражување „Галуп“ коишто беа објавени преку Бугарската национална телевизија (БНТ), изборниот праг од 4 отсто го поминаа 6 политички партии и коалиции.

Партијата на премиерот Бојко Борисов Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) освои околу 22,5 отсто, а веднаш по неја на второ место се наоѓа Партијата „Има таков народ“ (ИТН) чиј лидер е шоуменот Слави Трифонов со освоени 21,1 отсто од гласовите.

Бугарската социјалистичка партија (БСП) која води проруска политика на линијата на поранешната Комунистичка партија од чија страна беше управувана Бугарија во текот на 45 години се до 1989 година, се наоѓа на третото место со освоени 15,1 отсто, а на четврто место со освоени 13,7 отсто гласови е Партијата Демократска Бугарија (ДБ) која ги предводеше уличните протести на кои се бараше оставката на премиерот Борисов со тврдење дека е поврзан со мафијата.

Партијата Движење за права и слободи (ХОХ) чие мнозинство го сочинуваат Турци е на петтото место со освоени 12 отсто од гласовите. 

Движењето за права и слободи (ХОХ) на претходните одржани парламентарни избори на 4 април годинава освои 10,5 отсто од гласовите.

Освен тоа во Парламентот на Бугарија ќе биде претставувана и коалицијата „Исправи се, мафијата надвор! (АСМВ)“ во чии рамки се обединети левичарските партии во знак на протест против Борисов, а која доби 4,8 отсто од гласовите на бирачите. 

Во меѓувреме, расистичките и екстремно ултранационалистичките партии кои водат политика на основа на непријателство кон Турците и муслиманите чиј број во Бугарија изнесува приближно 1 милион жители, не успеаја да го поминат изборниот праг од 4 отсто и со тоа да влезат и да бидат застапени во Парламентот.

Централната изборна комисија (ЦИК) на Бугарија официјалните и конечни резултати од изборите ќе ги соопшти најдоцна до 18 јули.

Политички посматрачи подвлекуваат дека ниту една политичка партија и коалиција не ќе може да формира самостојна Влада во Бугарија.   

 



Слични вести