ГЕРБ и ИТН во тесна трка на изборите во Бугарија

Централната изборна комисија (ЦИК) на Бугарија соопшти дека според изброените 95,22 отсто од гласовите Партијата „Граѓани за европски развој на Бугарија“ (ГЕРБ) има освоено 23,91 отсто, а Партијата „Има таков народ“ (ИТН) 23,66 отсто од гласовите

1674177
ГЕРБ и ИТН во тесна трка на изборите во Бугарија

На одржаните предвремени парламентарни избори вчера во Бугарија се води тесна трка помеѓу Партијата „Граѓани за европски развој на Бугарија“ (ГЕРБ) на поранешниот премиер Бојко Борисов и Партијата „Има таков народ“ (ИТН) на популистичкиот шоумен Слави Трифонов кои наизменично го преземаат водството.

Централната изборна комисија (ЦИК) на Бугарија соопшти дека според изброените 95,22 отсто од гласовите Партијата „Граѓани за европски развој на Бугарија“ (ГЕРБ) има освоено 23,91 отсто, а Партијата „Има таков народ“ (ИТН) 23,66 отсто од гласовите.

Во соопштението се нагласува дека гласовите од странство можат да го променат резултатот.

Проруската Бугарска социјалистичка партија (БСП) која е продолжеток на поранешната Комунистичка партија, освои 13,63 отсто, додека Партијата Демократска Бугарија (ДБ) како претставник на десничарските сили освои 12,54 отсто од гласовите.

Партијата „Движење за права и слободи“ (ДПС или ХОХ) чие мнозинство членови се Турци со освоени 10,17 отсто стана 5. партија во Парламентот, додека „Исправи се! Мафијата надвор!“ (ИСМВ) како претставник на левичарските протестирачки сили против ГЕРБ  освојувајќи 4,31 отсто од гласовите го помина изборниот праг.

Бугарските патриоти (БП) пак, составени од расистички и ултранационалистички партии кои се и единствениот можен партнер на партијата ГЕРБ, не успеаја да го поминат изборниот праг од 4 отсто.

Политички пшосматрачи истакнуваат дека за добивање на доверба во Парламентот на коалицијата ИТН-ДБ-ИСМВ која би можела да има 110-112 пратеници во Парламентот составен од 240 пратенички мандати ќе ѝ биде потребна поддршка и од Бугарска социјалистичка партија (БСП) или од „Движењето за права и слободи“ (ДПС или ХОХ). За доверба на новата Влада се потребни 121 глас..

Централната изборна комисија (ЦИК) на Бугарија претходно соопшти дека конечните резултати од изборите ќе бидат објавени на 15 јули, а списокот на новите пратеници кои ќе влезат во новиот состав на Парламентот на 18 јули.

 



Слични вести