Претседателот Татар: Ќе дојде и денот кога ќе биде признаена Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар рече: „Политиката којашто ја формиравме заедно со Република Турција моментално се заснива на две одделни суверени и независни држави на Кипар. Книгата за федерација е затворена.“

1670440
Претседателот Татар: Ќе дојде и денот кога ќе биде признаена Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар во дадената изјава во градот Малатја укажа на тоа дека неговата земја се соочува со одредени проблеми по прашањето на нејзиното признавање и го рече следното: „Ќе дојде денот кога ќе се оствари и тоа признавање. Она што е значајно сега е да се зацврсти и развие политиката.“

„Политиката којашто ја формиравме заедно со Република Турција моментално се заснива на две одделни суверени и независни држави на Кипар. Книгата за федерација е затворена.“ - констатира Татар.

Тој рече: „Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ми даде целосна поддршка по ова прашање.“

Велејќи дека постојат одредени проблеми по прашањето на признавање на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), претседателот Ерсин Татар го рече следното: „Целиот свет знае дека Турската Република Северен Кипар (ТРСК) е одделна држава, дека на Кипар има два одделни народи од кои едниот е турскиот народ и дека на тој начин постои формирана политичка врска со Турција. Значи штом тоа го знае целиот свет, ќе дојде и денот кога ќе се оствари тоа признавање. Она што е значајно сега е да се зацврсти и развие политиката.“

 



Слични вести