Бејџан Илјас реизбран за претседател на Демократската партија на Турците (ТДП) во Северна Македонија

„Покрај сè, не се откажавме од нашата кауза. Не се вративме од нашиот пат. Не се жалевме. Тој што оди по вистинскиот пат, носи тежок товар“, нагласи Бејџан Илјас, додавајќи дека со одлучни чекори ќе одат по нивниот пат

1670315
Бејџан Илјас реизбран за претседател на Демократската партија на Турците (ТДП) во Северна Македонија

Во Скопје денес се одржа 10. Редовен конгрес на Демократската партија на Турците (ТДП) во Северна Македонија.

Настанот се одржа во една спортска сала во Скопје, а учествуваа актуелниот претседател на Демократската партија на Турците (ТДП) Бејџан Илјас, амбасадорот на Турција во Скопје Хасан Мехмет Секизќок, како и министри, пратеници, претседатели на политички партии и политичари од Северна Македонија, Турција и од земјите во регионот.

Во овие рамки беа пренесени пораките на различни високи претставници од Северна Македонија и Турција, а пред сè на турскиот претседател Реџеп Тајјип Ердоган.

Претседателот на Демократската партија на Турците (ТДП) Бејџан Илјас имаше свое обраќање на Конгресот, при што рече дека ТДП 30 години како се наоѓа на политичката сцена и дека во овој период се соочиле со различни предизвици.

„Покрај сè, не се откажавме од нашата кауза. Не се вративме од нашиот пат. Не се жалевме. Тој што оди по вистинскиот пат, носи тежок товар“, нагласи Илјас, додавајќи дека со одлучни чекори ќе одат по нивниот пат.

Тој истакна дека со младинскиот и женскиот форум уште повеќе ја зајакнале партијата. „Денес повторно сме обединети, денес повторно сме заедно“, рече тој.

Илјас нагласи дека по втор пат се кандидира за оваа позиција и дека неговата цел е унапредување на нивната кауза во земјата.

Туба Ишик Ерџан, потпретседателката на Комисијата за надворешни односи на Партијата за правда и развој (АК Партијата), во нејзиното обраќање го пренесе поздравот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Ерџан нагласи дека придаваат важност на тоа турската заедница, која според неа е една од најстарите заедници во Северна Македонија, да го продолжи својот живот во мир и благосостојба и да придонесе во развојот на земјата.

Истакна дека во рамките на инструкциите на Ердоган и со начинот на сфаќање дека „пријателот се познава кога имаш мака“, стоеле покрај Северна Македонија нудејќи медицинска помош во периодот на пандемијата на Ковид-19. Изјави дека тие како Турција го поддржуваат развојот на Северна Македонија како стабилна и просперитетна земја и дека ја поддржуваат нејзината интеграција во евроатлантските институции.

Ерџан рече дека Турција стоела покрај Северна Македонија од нејзината независност, и дека поддршката и соработката ќе ги продолжат и во рамките на НАТО, како и дека ќе ги збогатуваат односите меѓу двете земји. Како што рече, како Турција секогаш стоеле покрај оној којшто е во право, а не покрај оној којшто е моќен.

„Ние бевме прва земја која имаше присуство на терен против терористичките организации во Сирија, како ПКК, ПЈД, ЈПГ, ДЕАШ. Знаеме дека вие како наши пријатели одблизу ги следевте нашите проблеми со кои се соочивме во сите работи што ги водевме со искреност и со посветеност. Од срце упатуваме благодарност за вашата искрена поддршка за нашата борба против тероризмот“, додаде Ерџан.

Бејџан Илјас беше единствениот кандидат за претседател на Демократската партија на Турците (ТДП) и тој бешее реизбран за претседател партијата.

Во објавеното соопштение од Демократската партија на Турците (ТДП) се истакнува следното:

„Почитувани, ве известуваме дека на 10. Редовен Конгрес на Демократската Партија на Турците на Македонија кој се одржа денес во Спортската Сала „Јане Сандански“ во Скопје, за претседател на партијата повторно е избран г-динот Бејџан Илјас, актуелен пратеник од редовите на ДПТМ во Собранието на Република Северна Македонија.

На конгресот беа поканети 330 делегати од 43 подружници на ДПТМ, учество зедоа 290 делегати. За време на конгресот беа избрани 49 члена на Централното Собрание како и 5 члена на Надзорниот Одбор на ДПТМ.

Господинот Бејџан Илјас ќе ја води ДПТМ во наредните четири години.

Со почит...“ (Агенција Анадолија-АА)

 



Слични вести