Хашкиот суд ги осуди соработниците на Милошевиќ, Станишиќ и Симатовиќ на по 12 години затвор

Механизмот за меѓународни кривични трибунали (ММКТ) во Хаг, Холандија ги осуди поранешните челници на Службата за државна безбедност на Србија, Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ-Френки, на по 12 години затвор

1667729
Хашкиот суд ги осуди соработниците на Милошевиќ, Станишиќ и Симатовиќ на по 12 години затвор

Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови (МРМКС) во Хаг, Холандија ги осуди поранешните челници на Службата за државна безбедност на Србија, Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ, на по 12 години затвор.

Хашкиот трибунал ја соопшти својата пресуда во врска со двајца соработници и помошници на Слободан Милошевиќ кој за време на војната во Босна одигра улога за смртта на приближно 200 илјади лица.

На Станишиќ и Симатовиќ им беше судено за извршени масакри против несрпското цивилно население во Босна и Херцеговина и Хрватска во периодот 1991-1995 година.

Судот утврди дека тогашниот началник на Службата за државна безбедност на Србија Јовица Станишиќ и неговиот помошник Франко Симатовиќ, се виновни за помагање и поддржување прогон, убиство, депортација и присилно преместување муслимани и Хрвати од општина Босански Шамац.

Станишиќ и Симатовиќ поради извршени воени злосторства се осудени на по 12 години затвор.

Хашкиот трибунал претходно во 2013 година ги ослободи Станишиќ и Симатовиќ, по првото судење, по што обвинителите поднесоа жалба и во декември 2015 година Апелациониот совет на Трибуналот ја поништи првостепената пресуда и нареди повторно судење.

 



Слични вести