Назначувањето нов „специјален претставник“ за кипарското прашање е само игра на време

Знаеме дека оваа идеја не е нова, дека тој и претходно имаше ваква идеја

1666605
Назначувањето нов „специјален претставник“ за кипарското прашање е само игра на време

 

Министерот за надворешни работи на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Тахсин Ертугрулоглу рече дека назначувањето нов „специјален претставник“ за кипарското прашање од страна на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш е само игра на време.

Според информацијата на Турската агенција Кипар (ТАК), Ертугруоглу направи проценка на прашањата на дневниот ред во врска со кипарското прашање.

Ертугруоглу рече дека дознале дека идејата на Гутереш за назначување специјален претставник за кипарското прашање е на дневен ред и во тој контекст рече:

„Знаеме дека оваа идеја не е нова, дека тој и претходно имаше ваква идеја. Од наша страна му беше кажано дека оваа идеја за нас не е позитивна“.

Ертугруоглу изјави дека од средбите на Гутереш во Брисел, се подразбира дека на дневниот ред повторно се појави назначувањето на специјален претставник.

„Прашањето за назначување специјален претставник е само игра на време“ рече Ертугрулоглу истакнувајќи дека суштинската цел на генералниот секретар е да ги зголеми шансите за успех на потфатите за обесхрабрување на кипарската страна од политиката што ја брани во времето што треба да се добие.



Слични вести