Претседателот на ТРСК Ерсин Татар го прими Луте

Со години не можеме да се договориме околу параметрите на ОН, „бикомунален, бизонален федерален модел“

1662943
Претседателот на ТРСК Ерсин Татар го прими Луте

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар ја прими Џејн Хол Луте, привремениот специјален советник на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) за Кипар.

Во изјавата по состанокот во Претседателството, Татар рече дека ја оцениле неофицијалната кипарска конференција што се одржа на 27-29 април под покровителство на ОН и потсети дека генералниот секретар страните ги поканил во Женева да дознае за нивните „нови идеи“.

Истакнувајќи дека Кипарско турската страна во процесот изнесе иновации и зазеде конструктивен став, Татар рече дека со години не може да се договорат околу параметрите на ОН, „бикомунален, бизонален федерален модел.

Ние продолжуваме да ја браниме нашата држава и ќе продолжиме да ја браниме. Денес на Луте и рековме дека ја одржуваме нашата позиција во Женева (две одделни независни држави на Кипар, засновани на суверена еднаквост)“ рече Татар.

Потсетувајќи дека мирот на Кипар дојде со мировната операција на 20 јули 1974 година, Татар изјави дека од 1974 година досега не е пролеана капка крв и продолжува атмосферата на мирот.

Ние никогаш нашиот суверенитет не го носиме на преговарачката маса, бидејќи тоа веќе е стекнато право. Може да се започне процес на преговори врз основа на суверенитетот, со соработка на две држави што живеат рамо до рамо. Во оваа фаза, на Луте и реков декание сме подготвени за секаков вид неформална“.



Слични вести