Турција ѝ испрати уште 50 илјади дози вакцини на Турската Република Северен Кипар

Испратените 50 илјади дози вакцини им беа предадени на фунцкионерите на Министерството за здравство на Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

1662406
Турција ѝ испрати уште 50 илјади дози вакцини на Турската Република Северен Кипар

Турција во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) ѝ испрати на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) уште 50 илјади дози вакцини „Синовак“.

Според објавеното писмено соопштение од Министерството за здравство на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), амбулантниот авион на Министерството за здравство на Турција натоварен со вакцини слета на Аеродромот во Лефкоша.

Испратените 50 илјади дози вакцини им беа предадени на фунцкионерите на Министерството за здравство на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

На тој начин, бројот на вакцините коишто Турција ѝ ги достави на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) достигна до 290 илјади дози.

 



Слични вести