Пендаровски: Северна Македонија и Турција во секоја сфера се дел од ЕУ која се нарекува „Обединета Европа“

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски во направената проценка по повод Дипломатскиот форум Анталија истакна дека Северна Македонија и Турција во секоја сфера се дел од Европската унија (ЕУ) која се нарекува „Обединета Европа“

1662229
Пендаровски: Северна Македонија и Турција во секоја сфера се дел од ЕУ која се нарекува „Обединета Европа“

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски направи проценка по повод Дипломатскиот форум Анталија што се одржа од 18 до 20 јуни во туристичкиот центар Белек во Анталија. 

Пендаровски истакна дека Северна Македонија и Турција во секоја сфера се дел од Европската унија (ЕУ) која се нарекува „Обединета Европа“.

Привлекувајќи внимание дека од стекнувањето на неговата земја со статус на земја кандидат за членство во Европската унија (ЕУ) во 2005 година се уште  очекува да бидат започнати пристапните преговори во ЕУ и дека исто така нема напредок и во преговорите за полноправно членство коишто беа започнати истата година, Пендаровски рече: „За жал и двете земји не се успешни во нивната европска приказна. Вината не е во никого, би сакал да ја барам во нас, но не можам да избегам да ја изнесам голата вистина. Одговорни за, тоа се нашите европски партнери и Брисел.“

Стево Пендаровски направи проценка и на односите помеѓу Турција и Северна Македонија во врска со што рече дека уште од формирањето на неговата земја политичарите и на двете земји ја повторуваат реченицата „Располагаме со извонредни, беспрекорни односи.“

Во врска со економската соработка помеѓу Турција и Северна Македонија, претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски продолжи со следните зборови: „Во последните 10-12 години би можел да го кажам тоа дека ја забрзавме нашата економска соработка. Денеска Турција се наоѓа меѓу 10-те најголеми инвеститори во земјата. Последните статистички податоци покажуваат дека Турција е на шестото место на списокот на најголемите 10 инвеститори во Северна Македонија и трговскиот обем помеѓу нашите земји се наоѓа на петтото и седмото место на списокот на првите 10 земји. Тоа пак, значи дека Турција е едната од најзначајните инвеститори за земјата.“

 



Слични вести