Османи: „Ќе продолжиме со контактите за да ја почувствуваме силната поддршка на Турција“

Независноста на Косово е неповратен процес и ништо не може да не врати од тоа

1662186
Османи: „Ќе продолжиме со контактите за да ја почувствуваме силната поддршка на Турција“

Косовската претседателка Вјоса Османи-Садриу рече дека ќе продолжат да останат во контакт за да ја задржат силната поддршка на Турција.

Османи, во интервјуто за Агенцијата „Анадолија“ по повод Диоломатскиот форум во Анталија (ДФА) привлече внимание на новите прашања што можат да ги зајакнат односите меѓу Турција и Косово и меѓу нив ја наведе комерцијалната и културната соработка.

Подвлекувајќи дека има многу области каде што турските деловни луѓе можат да инвестираат на Косово, Османи привлече внимание на потребата од турската поддршка за признавање на Косово.

Османи во продолжение рече:

„Исто така, ни треба поддршка од Турција во членството во меѓународните организации. Ние ќе продолжиме да останеме во контакт за да сториме се што е потребно на меѓународната сцена, да ја одржиме силната поддршка на Турција, да ги добиеме не само нејзините гласови, туку и поддршката на дијаспората. Бидејќи ова не е само за наша благосостојба и развој, туку е важно и за мирот и стабилноста во регионот.

Независноста на Косово е неповратен процес и ништо не може да не врати од тоа. Бројот на земјите што го признаваат Косово изнесува над 100 и разговаравме со земјите кои се географски далеку од Косово, а кои истакнаа дека независноста е право на Косово.

Гледано од политички аспект, Меѓународниот суд на правдата исто така соопшти дека независноста на Косово е во согласност со меѓународното право. Затоа, нема проблем во однос на признавањето на независноста на Косово од страна на земјите“ рече Османи.



Слични вести