Средба на претседателот на Северна Македонија Пендаровски во Истанбул со патријархот Вартоломеј

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски кој престојува во посета на Турција денеска во Истанбул се состана со патријархот на Грчката патријаршија во Фенер Вартоломеј

1661251
Средба на претседателот на Северна Македонија Пендаровски во Истанбул со патријархот Вартоломеј
Kuzey Makedonya Cumhurbaşkanı Stevo Pendarovski Fener Rum Patriği Bartholomeos1.jpg
Kuzey Makedonya Cumhurbaşkanı Stevo Pendarovski Fener Rum Patriği Bartholomeos2.jpg
Kuzey Makedonya Cumhurbaşkanı Stevo Pendarovski Fener Rum Patriği Bartholomeos3.jpg
Kuzey Makedonya Cumhurbaşkanı Stevo Pendarovski Fener Rum Patriği Bartholomeos.jpg

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски кој престојува во посета на Турција по повод Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и Дипломатскиот форум Анталија, денеска во Истанбул го посети патријархот на Грчката патријаршија во Фенер Вартоломеј. 

Пендаровски ја посети црквата „Аја Јорги“ (Свети Ѓорѓи) кадешто доби информации во врска со оваа црква.

Потоа Стево Пендаровски се состана со патријархот на Грчката патријаршија во Фенер Вартоломеј и го изрази своето задоволство од од тоа што се наоѓа во Турција кадешто рече дека остварил убави посети и разговори.

Пендаровски му се заблагодари на Вартоломеј поради тоа што го прими во услови на пандемија и го рече следното: „Пред 19 години ја посетив Патријаршијата. Тогаш ми подаривте крст за мојата сопруга и за моето тогаш сè уште неродено дете, и упативте молитви за нив. Беше убав спомен. Многу сум среќен што повторно се сретнав со вас.“

Патријархот Вартоломеј исто така упати благодарност до Пендаровски за остварената посета, посакувајќи оваа негова посета да биде повод за добивање на убави резултати.

Вартоломеј рече: „За нас е особено важно и среќно што постојат добри односи помеѓу Северна Македонија и Турција. Вашето присуство на Дипломатскиот самит во Анталија е индикатор на овие добри односи. Ќе се молиме вие и целиот свет да живеете во мир, а особено за да завладее мирот меѓу соседните земји. Го поддржуваме мирот меѓу балканските земји и ги пренесуваме нашите убави желби по ова прашање. Посакуваме сите балкански држави да влезат во Европската унија (ЕУ). Исто така посакуваме и Турција која долги години е земја кандидат за членство, да влезе во Европската унија (ЕУ). Како Грчка патријаршија во Фенер го поддржуваме влезот на Турција во Европската унија (ЕУ).“

По средбата, делегацијата на Северна Македонија и службениците од Патријаршијата сликаа заедничка фотографија.

 



Слични вести