Турција ѝ испрати уште 26 илјади дози вакцини на Турската Република Северен Кипар

Вакцините натоварени на амбулантниот авион на Министерството за здравство на Турција синоќа на Аеродромот во Лефкоша им беа предадени на фунцкионерите на Министерството за здравство на Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

1660437
Турција ѝ испрати уште 26 илјади дози вакцини на Турската Република Северен Кипар

Турција, во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) и испрати на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) уште 26 илјади дози вакцини „Синовак“.

Вакцините натоварени на амбулантниот авион на Министерството за здравство на Турција синоќа на Аеродромот во Лефкоша им беа предадени на фунцкионерите на Министерството за здравство на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

На тој начин, заедно со испратените 26 илјади дози вакцини бројот на вакцините коишто Турција ѝ ги достави на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) достигна до 216 илјади.

До крајот на месец јули се планира на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) да и бидат испратени 300 илјади дози вакцини.

Министерот за здравство на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Унал Устел во направената проценка за Радио и телевизијата Бајрак (БРТ) во врска со неговите остварени разговори во Анкара нагласи дека до месец јули ќе ѝ бидат испорачани во одреден број дози вакцини на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и дека ќе бида започната мобилизација за вакцинирање.



Слични вести