Парламентот на Црна Гора ја усвои резолуцијата за геноцидот во Сребреница

Парламентот на Црна Гора со гласовите на 55 пратеници, 19 против и 7 воздржани ја усвои резолуцијата за признавање на геноцидот во Сребреница и казнување на неговото негирање

1660614
Парламентот на Црна Гора ја усвои резолуцијата за геноцидот во Сребреница

Парламентот на Црна Гора со мнозинство гласови ја усвои резолуцијата за признавање на геноцидот во Сребреница во соседна Босна и Херцеговина во 1995 година и казнување на неговото негирање.

Исто така е разрешен од должност и министерот за правда, човекови и малцински права Владимир Лепосавиќ кој се појави на дневен ред со неговите изјави со негирање на геноцидот во Сребреница.

По изјавите со негирање на геноцидот во Сребреница во Босна и Херцеговина каде од страна на српските сили беа безмилосно измасакрирани повеќе од 8 илјади бошњачки цивили, нацрт резолуција за признавање на геноцидот ја подготви Ервин Ибрахимовиќ лидерот на Бошњачка странка (БС) во Црна Гора.

На гласањето што се одржа во Парламентот за усвојување на резолуцијата гласаа 55 пратеници, 19 беа против, а 7 пратеници беа воздржани.

Резолуцијата ја поддржаа опозициските ДПС, СДП, СД, ЛП, БС и албанските партии, додека од пратениците на владејачкото мнозинство дадоа поддршка Демократите, УРА и Бранка Бошњак од ПзП.

Ервин Ибрахимовиќ, лидерот на Бошњачка странка (БС) од чија страна беше поставена нацрт резолуцијата на дневниот ред на Парламентот им се заблагодари на сите, кои, како што наведе, помогнаа да се добие квалитетен текст на резолуцијата. Тој рече дека усвојувањето на оваа резолуција претставува значаен чекор за компромис во Црна Гора.

„Верувам дека денес испративме јасен сигнал од овој претставнички дом, дека Црна Гора е центар на демократијата во регионот,“ - рече Ибрахимовиќ.

Усвоената резолуција меѓу другото подразбира дека Парламентот на Црна Гора го осудува и признава геноцидот во Сребреница во 1995 година кога беа убиени повеќе од осум илјади Бошњаци.

Текстот на резолуцијата исто така предвидува 11 јули да се прогласи за „Ден на сеќавање на жртвите на Сребреница“, да се афирмира мирот и стабилноста и да се повикаат јавните институции да ги истражат воените злосторства.

Освен тоа со гласовите на 43 пратеници е разрешен од должност и министерот за правда, човекови и малцински права Владимир Лепосавиќ кој инаку со неговите изјави со негирање на геноцидот во Сребреница го започна проблемот. За негово разрешување од министерската функција беа против 27 пратеници, а 10 пратеници беа воздржани.

Од друга страна, пратениците на опозициското крило Демократскиот фронт соопштија дека донеле одлука за бојкотирање на Парламентот.

Инаку, во извршениот геноцид којшто започна со влегувањето на српските единици под команда на српскиот генерал Ратко Младиќ во Сребреница во источниот дел на Босна и Херцеговина на 11 јули 1995 година, за неколку дена беа измасакрирани најмалку 8.372 цивили Бошњаци чии мртви тела потоа беа закопани во различни масовни гробници

Поголемиот дел од српското население во областа дури и денеска избегнува случувањата во Сребреница да ги окарактеризира како „геноцид“.

Меѓународниот суд на правдата во Хаг во 2007 година донесе одлука со која во правец на поднесените докази од Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија (ICTY) случувањата во Сребреница и околината се оценети како „геноцид“. 

 



Слични вести