Дијалогот на македонско-буарските историчари никако да тргне

САД поддржуваат отворање преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија, без одложување,

1659545
Дијалогот на македонско-буарските историчари никако да тргне

 

САД поддржуваат отворање преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија, без одложување, порача портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс. „Поддржуваме отворање преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија без одложување. Се ангажираме на највисоки нивоа во владата, за да ја демонстрираме нашата посветеност кон европскиот пат на земјите аспиранти“, напиша Прајс на Твитер. Скоро истото му го кажа и американскиот претседател Џо Бајден на кусата средба со македонскиот премиер Зоран Заев на маргините на самитот на НАТО.

Очигледно тајмингот на упатување вакви и слични пораки е доста индикативен. Ваквата порака се испрати во пресрет на посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Европа. Западен Балкан како што се очекуваше стана една од темите на средбата на американскиот претседател Џо Бајден со лидерите на ЕУ, во Брисел. Медиумите од регионот објавуваат дека САД и ЕУ ќе го засилат заедничкиот ангажман на Западен Балкан, вклучително и дијалог за нормализирање на односите Белград-Приштина и поддршка на клучните реформи во европската интеграција, како и македонско-бугарските односи.

Само да потсетам дека Претседателот на САД, Џо Бајден пред неколку дена издаде декрет за земјите од Западниот Балкан со кој им се наложува на сојузните власти да ги стават на црна листа сите лица кои работат против клучните договори во регионот. Секое лице кое директно или индиректно го спречува или е закана за спроведување на Охридскиот рамковен договор или за Преспанскиот договор ќе се најде на црната листа на САД. Декретот кој во минатиот вторник (08.06.2021) го потпиша претседателот на САД, Џо Бајден им дава овластување на сојузните власти да блокираат имот и да им забранат влез на сите лица за кои администрацијата во Вашингтон ќе оцени дека работат на штета на клучните договори во регионот на Западниот Балкан и Северна Македонија.

Но ете и во една ваква атмосфера вистинско разочарување и кај македонските и кај бугарските историчари коишто се членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, откако по два исклучително тешки денови не постигнаа напредок во разговорите за надминување на историските спорови меѓу Скопје и Софија. Од македонска страна на средбата биле дадени предлози засновани на современите разбирања за историското образование поддржани од Советот на Европа и УНЕСКО, во кои се уважуваат различните погледи и толкувања за минатото и кои се покажале како применливи во надминување на спорови што произлегуваат од различното толкување на минатото. Од бугарска страна тие предлози биле одбиени како неприфатливи и неприменливи. Бугарските историчари пак со обвинување дека македонските колеги „категорично одбиле да разговараат за конкретна историска тема“. Тешко е да се постигне разбирање за Гоце Делчев“, изјавува бугарскиот копретседавач на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Македонија, Ангел Димитров, по дводневниот состанок на Комисијата. Историчарите летово ќе паузираат во обид да се изнајдат решенија за премостување на разликите. Новата средба е планирана за во октомври.

На првиот ден од средбата на историчарите тема на дискусија биле учебниците по историја и усогласување на препораки за нивно подобрување. Двете страни размениле предлог идеи како да се дојде до решение кое би помогнало во носење на препораки како да се подобри историското образование. Но, предлозите на македонската страна биле одбиени од нивните бугарски колеги.

За жал, очигледно е отсуството на воља кај членовите на Комисијата од Република Бугарија да се дојде до решение, преку кое историското образование не би било основа за политичка инструментализација, често затскривана позади фразата „историска вистина”. Исто така, очигледно е дека бугарската страна го гледа овој процес како можност да го наметнат својот поглед за минатото во друга држава и образовен систем. Од македонскиот тим на Комисијата, велат дека овие два дена ги имале најтешките разговори досега. На предлогот на македонскиот тим, дискусијата да продолжи врз основа на првично усогласениот текст за трипартитно чествување кое се наоѓа во заклучоците на записникот од третата средба и Првиот годишен извештај и прифатено од бугарската страна, бугарските колеги спротивно на заедничките заклучоци предложиле нов текст кој македонските членови на Комисијата го оцениле како навредлив за чувствата на етничките Македонци и сите граѓани на С. Македонија

Автор на програмата е Ремзи ЏАНОВА, новинар во Скопје.



Слични вести