Локалните избори во Косово распишани за 17 октомври

Во објавеното соопштение од кабинетот на претседателството на Косово се истакнува дека претседателката Вјоса Османи донесе одлука локалните избори во земјата да се одржат на 17 октомври 2021 година

1658525
Локалните избори во Косово распишани за 17 октомври

Локалните избори во Косово ќе се одржат на 17 октомври оваа година.

Во објавеното соопштение од кабинетот на претседателството на Косово се истакнува дека претседателката Вјоса Османи донесе одлука локалните избори во земјата да се одржат на 17 октомври 2021 година.

Во соопштението се вели дека претседателката на Косово Вјоса Османи оваа одлука ја донела по одржаните консултации со политичките субјекти во земјата на 2 јуни и во согласност со Законот за локални избори.

Со истата одлука ѝ се наложува на Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) да ги преземе сите потребни дејствија за организирање и одржување на изборите согласно законите и овластувањата.

Претседателката на Косово Вјоса Османи вчера ја разреши Ваљдете Дака од функцијата претседателка на Централната изборна комисија (ЦИК) и на нејзино место го наименува адвокатот Крешник Радоњиќи.

Инаку, последните локални избори во Косово се одржаа на 22 октомври 2017 година, на кои процентот на излезност изнесуваше 44,1 отсто.



Слични вести