Северна Македонија за прв пат учествува на еден Самит на НАТО како полноправна членка

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев пред почетокот на пленарната сесија на Северноатлантскиот совет нагласи дека навистина е одлично да се биде тука, и дека е многу почестен.

1657696
Северна Македонија за прв пат учествува на еден Самит на НАТО како полноправна членка
Kuzey Makedonya NATO Zirvesi.jpg
Kuzey Makedonya NATO Brüksel.jpg

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи Бујар Османи ја предводи владината делегација на годинешниот Самит на НАТО 2021 на шефови на држави и влади во Брисел.

Според соопштението на Владата на Северна Македонија Заев ќе учествува во работата на Северноатлантскиот совет на НАТО на кој лидерите на земјите членки ќе разговараат за најважните прашања за иднината на Алијансата.

Заев пред почетокот на пленарната сесија на Северноатлантскиот совет нагласи дека навистина е одлично да се биде тука, и дека е многу почестен.

„Ова е историски момент за мојата земја. Ова е прв самит на НАТО за Северна Македонија како полноправна членка. Тоа е исто така прв Самит за НАТО со 30 членки. Ова е голем успех и за Северна Македонија и за НАТО“, рече Заев.

Според премиерот на Северна Македонија, членството во НАТО било реализација на нивната стратешка цел, но дополнително со членството, како што рече тој, Алијансата ја подобрила безбедноста и стабилноста на регионот на Западен Балкан.

„Ние сме посветени на визијата за Балканот во 21 век, како регион на мир, стабилност и зголемена регионална соработка за економски придобивки и просперитет на сите граѓани. Силно веруваме дека е потребно сите земји од Западен Балкан да имаат кристално јасна евроатлантска и ЕУ-перспектива. Оставањето вакум во нашиот дел од Европа не е опција. Потребни ни се предвидливи, кредибилни и повторно засилени процеси на интеграција во ЕУ и НАТО“, нагласи тој.

Заев истакна дека денес се наоѓаат тука за да го потврдат нивното единство, кохезија и солидарност, и додаде дека исто така ќе се осврнат на идните предизвици и заедно ќе донесат одлуки на стратешко ниво за понатамошно приспособување на НАТО.

„Ние ги делиме истите вредности, стоиме рамо до рамо со нашите сојузници и сме целосно посветени на нашата колективна безбедност: Затоа што ние сме НАТО. Заедно сме посилни“, рече премиерот на Северна Македонија Зоран Заев. (Агенција Анадолија-АА)

 



Слични вести