Русија прогласи за „непожелна личност“ еден дипломат од Амбасадата на Северна Македонија во Москва

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи на Русија се потсетува дека Северна Македонија минатиот месец прогласи еден руски дипломат за „непожелна личност“ („персона нон грата“)

1655628
Русија прогласи за „непожелна личност“ еден дипломат од Амбасадата на Северна Македонија во Москва

Русија прогласи за „непожелна личност“ еден дипломат, вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи на Русија се потсетува дека Северна Македонија минатиот месец прогласи еден руски дипломат за „непожелна личност“ („персона нон грата“).

Во соопштението се истакнува дека амбасадорката на Амбасадата на Северна Македонија во Москва Оливера Чаушевска-Димовска е повикана во руското Министерство за надворешни работи и се вели следното: „На амбасадорката ѝ е врачена нота во врска со тоа дека еден вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва се прогласува за непожелна личност.“

Во соопштението на руското Министерство за надворшени работи се потсетува дека оваа мерка е преземена против претходно донесената одлука од страна на Северна Македонија  за како што се вели „без причина“ депортирање на еден руски дипломат.

 



Слични вести