Македонските Албанци се враќаат 20 и кусур години назад или стварно се работи за издишан балон

Несудениот „Генерал“ ги предупредил институциите и партиите во Албанија, Косово и Македонија, дека републиканската гарда ќе работела во одбрана на човековите права и граѓанските интереси во „Република Илирида“.

1655289
Македонските Албанци се враќаат 20 и кусур години назад или стварно се работи за издишан балон

 

Македонија е чудна земја. Во неа се случуваат навистина чудни нешта или како велат некои се случуваат навистина бизарни работи на политичката арена на оваа мала балканска земја. Додека коалиционите партнери што се на власт, деновиве се договараат за коалицирање на локалните избори кои следуваат некаде на есен, па дури кога најголемата албанска партија во Македонија ДУИ, сметајќи на поддршка и на својот македонски коалиционен партнер СДСМ, планира на локалните избори да предложи кандидати за градоначалници и во некои македонски средини, со што даваат свој придонес во рушењето на некои стереотипи, како што се етничките бариери и тешките предрасуди, кои како багаж се влечат од минатото, од друга страна некои сега би рекол дамнешни албански политички ликови се обидуваат албанското општество во Македонија да го вратат во најмала рака 20 и кусур години назад.

Тие што се во поодминати години, ќе паметат дека на почетокот на деведесетите години во Македонија се формира првата албанска партија, Партијата на Демократскиот Просперитет на чие чело се наоѓашe Невзат Халили за подоцна да му се приклучи и неговиот колега Професорот од тогаш диво формираниот тетовски универзитет Милаим Февзиу. Токму овие двајца излитени фаци во политиката, дури и денес повторно се обидуваат албанската заедница во Република Северна Македонија да ја вратат назад во историјата, со нивниот веќе провален и извикан проект Република “ИЛИРИДА”. Најавата на „Република Илирида“ во албанската етничка заедница овде во Македонија, ја сметаат за „будалаштина“, а некои во неа препознаваат само обид на јавна сцена да се врати група маргинализирани политичари. „Република Илирида“ е голема будалаштина, несериозна идеја прегазена од времето, а во јавноста ја пласираат луѓе кои немаат никаков кредибилитет кај Албанците. Некогашниот претседател на ПДП Невзат Халили, кој за ден пред тоа најави прогласување на „Република Илирида“, но наводно под притисок на меѓународниот фактор, го одложил тој чин. Халили вели дека не се откажуваат од Илирида, од нејзиното прогласување, но наводно по неколкуте средби со претставници на меѓународниот фактор одлучиле овој чин да го одложат, а наводно јавноста ќе била навремено известена.

Тие избрале дури и гененерал на националната гарда на „Илирида“ а тоа би било лицето кој најавил дека Република “ИЛИРИДА” ќе има И СВОЈА армија, полиција и други државни институции. Несудениот „Генерал“ ги предупредил институциите и партиите во Албанија, Косово и Македонија, дека републиканската гарда ќе работела во одбрана на човековите права и граѓанските интереси во „Република Илирида“.

Треба да се подвлече дека оваа луда идеја за создавање „Република Илирида“ од 1992 до денес циклично се реафирмира во турбулентни и сензитивни периоди за државата. И последната реафирмација е иста како претходните. Старата идеја со нови заложби за создавање „Република Илирида“, како политичко-територијална автономија на Албанците во Македонија, повторно испливаа на јавната сцена. Темата е обновена на дебатата „Република Илирида - фундаментално решение за функционирањето на рамноправноста во РСМ“, што се одржа пред некој ден се разбира пак во Тетово. Како што истакнуваат актерите на оваа авантура, главниот мотив на учесниците бил да се реафирмира наводната желба на Албанците изразена на референдумот во 1992 година.

Покрај реафирмирање на старата идеја, од „Движењето Илирида“ најавуваат дека се прават последни подготовки тоа движење да се регистрира како политичка партија, за да учествува на изборите. За да постигнеле регистрација како политичка партија и да учествуваат на изборите и изборната кампања, ќе го поднесеме барањето за федерализација на државата и ако ги освојат гласовите на граѓаните, според автоматизам ќе го формирале Парламентот на Илирида, кој ќе функционира како втора Република во рамките на Македонија“ велат тие. Дури ќе побарале од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, ургентно да распише референдум за внатрешна територијална поделба на Република Македонија. Надворешните граници немало да се менуваат. Тие ќе останат исти. А внатре, во конфедерацијата, ќе барале целосна демилитаризација. Се разбира на крајот беа толку “конструктивни“ што изјавија дека сето тоа ќе го спроведуваме со мирољубиви средства. Е навистина чудно но вистинито.

Автор на програмата е Ремзи Џанова, новинар во Скопје.

 



Слични вести